Ѓорѓе Иванов денеска донесе одлука да поништи дел од одлуките за помилување на вкупно 22 лица. Сепак тој е цврсто е убеден дека аболицијата која ја донел на 12. април и понатаму смета дека е клучна за решавање на кризата и тоа го направил во интерес на државата и на граѓаните.
Иванов пред месец и половина донесе одлука за колективна аболиција на 56 лица.
Листата се уште не е објавена, но од списокот ова се 22-те лица, политичари за кои е повлечена аболицијата:
Гордана Јанкулоска, поранешна министерка за внатрешни работи
Миле Јанакиески, поранешен министер за транспорт и врски
Љупчо Димовски, поранешен министер за земјоделство
Мартин Протуѓер, шеф на кабинет на бившиот премиер Никола Груевски
Мендух Тачи, претседател на ДПА
Бедредим Ибраими, член на ДИК од ДПА
Кирил Божиновски, генерален секретар на Владата
Никола Груевски, поранешен премиер, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Тони Трајковски, градоначалник на Гази Баба
Ирена Мишева, претседателка на Советот на град Скопје
Зоран Заев, претседател на СДСМ
Трајко Вељаноски, претседател на Собранието
Коце Трајановски, градоначалник на град Скопје
Владимир Тодоровиќ, поранешен градоначалник на општина Центар
Едмунд Темелко, градоначалник на Пустец, Р Албанија
Владимир Талески, градоначалник на Битола
Бранко Палифров, вработен во општина Струмица
Бранко Црвенковски, поранешен претседател на СДСМ, претседател и премиер на Р Македонија
Исмет Гури, поранешен член на општинската изборна комисија на Чаир
Сашо Мијалков, поранешен директор на УБК
Љупчо Тодоровски Радникот, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност
Зоран Верушевски, поранешен директор на УБК