Ова е убиецот кој со 40 убоди усмрти жена во Кочани, во притвор не барал ни вода, ниту разговарал, може да добие доживотен затвор

Од:

Убиецот Усеин Рашидов од Кочани кој со 40 убоди со нож ја усмрти Танкица Младеновска, може да добие доживотен затвор.

Осомничен е за исклучително тешко кривично дело – Убиство на свиреп начин. Како што за А1он велат од обвинителството тој се товари за – Убиство според член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик. За ова дело законот предвидува казна од 10 години па се до доживотен затвор.

Тој, на 25 септември, од дома зел кујнски нож и знаејќи го патот по кој оштетената се движи кога оди кон работа, ја пречекал и и задал повеќе убодни рани во пределот на градите, стомакот, вратот и рацете. Од повредите, жртвата починала на лице место. А фактот дека го планирал убиството и го извршил на начин што и задал над 40 убоди со нож на жртвата, ќе се ценат од страна на судијата при одмерување на казната.

По убиството ја почекал полицијата и мирно се предал. Одреден му е притвор во траење од 30 дена. Пренесен во кумановскиот истражен затвор и е во притворскиот дел.

Телевизија Стар објави и фотографија од убиецот наведувајќи дека според нивни извори тој во притвор се однесувал крајно смирено. Не разговарал со никого ниту пак одговарал на прашањата од истражните органи. До утринава тој не побарал ниту вода ниту леб, а извори за ТВ Стар велат дека таму исто така не прозборел ниту збор, пишува Тв Стар.

Иако од обвинителството се уште не излегуваат со повеќе детали, за А1он потврдија дека против Рашидов, убиената Танкица Младеновска претходно има поднесено пријава за уцена. Односно според пријавата, Рашидов се обидувал од неа да изнуди пари, уценувајќи ја дека ќе објави компромитираки снимки. Нема официјални информации дали и колку пари му исплатила жртвата или пак веднаш го пријавила во полицијата.

Би можело да ве интересира

Брутално двојно убиство во Шпанија: Маскиран напаѓач се приближува и почнува да пука во луѓе пред кафуле

Aпелирам до СДСМ да не профитира политички од трагедијата во Кочани, вели премиерот Мицкоски

(ВИДЕО) Илиески: Драган Петрушев е заштитен од Мицкоски и Коцевски за трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Осми „Марш на ангелите“: Ние изгубивме, вие имате уште за што да се борите

(ВИДЕО) Шукова: Прв заштитен од Коцевски и Мицкоски за Кочани е Дејан Салтировски

Спасовски до Кочовска: Дали има одлука за исплата на средства за семејствата на загинатите и повредените во Кочани?