ИМАМ ОБВРСКА ДА МУ КАЖАМ НЕ НА МАРЈАН
Пред само неколку дена, поточно на 10ти јануари на еден од порталиве го читам интервјуто на нашиот „почитуван“ и „ценет“ градоначалник Марјан со наслов „ИМАМ ОБВРСКА ДА ГИ ПРОДОЛЖАМ ПРОЕКТИТЕ“ и не можам да се изначудам како сеуште и во 8та година од неговото владеење ни зборува дека во иднина Прилеп ќе станел едно од најпосакуваните места за инвестирање.
Алооо Мајранеее имаше 8 години да прајш шо сакаш и како сакаш за да донесеш инвеститори. Морам да признаам, донесе еден инвеститор, а тоа е Општина Прилеп, од шо не ве збираше во старата општинска зграда кај шо седевте и по двајца не едно столче, мораше да направите „репрезентативен објект“ првенствено за да можите да ги сместите вашите нежни га..ина на удобните фотелји, а отпосле да кажувате дека тоа е супер место за да можите да пречекате некој потенцијален инвеститор. Ете и тоа го направивте, раскошни канцеларии, удобни фотелји, нашминкани фуфици… а пак инвеститори нема.
Ни зборуваш дека Прилеп имал лош имиџ, па морало да го нашминкаме за да привлечеме инвеститори. Па најпрост пример кој можи да ти се случи, излези вчаршија запули се во некоја девојка, дотерана облечена, нашминкана мераци, земи ја за жена првото утро ко ќе се разбудиш ко че видиш шо че видиш, а можи и да се погоди од кај знајш.
Ја имаше шансата да докажиш дека сакаш да привлечеш странски инвестиции уште од пред 3-4 години кога за прв пат ти ја дадоа касарната и која требаше да је претвориш во индсутриска зона. Ама како и по обичај НИШТО не направи. Имаше шанса изминативе 8 години да ливадите во Алинци и на излезот од Прилеп ги претвориш во индустриски зони, и тогаш беа ливади и сега се ливади. Не знам шо те кочеше тогаш. Сигурно беше зафатен со шминкањето на невестава, па не можеше да обрниш внимание на тоа.
Годишно да создадевте ти и твојата влада од ДПМНЕ услови за отворање по 1 000 работни места, досега ќе имаше повеќе 8 000 среќни семејства од претходно, а не 28 000 семејства кои се думаат како да сврзат крај со крај во месецот. Единствено успеа да создадеш 8 фамилии која од која побогата.
Извади ги од уста распродадените локации во така наречените индустриски зони и „новите“ 2 500 вработувања во нив. 90% од оние кои што купија локации таму се бизнисмени кои моментално работат во погони кои се под закуп, па едноставно со градењето на тие погони само ќе го префрлат производството и вработените од едно на друго место.
Си направи Економски совет на Општинава, убо е се, невелам не. Само дали имаш слух за нивните барања и дали барем во нешто си ги послушал нивните совети за тоа како да ја унапредиш економијата во Прилеп и да ја намалиш невработеноста.
Зарем немаш срам кога ќе излезеш пред младите во овој град и ќе ги погледниш во очи и ќе им речиш, ЌЕ БИДИ НЕ БЕРЕТЕ ГАЈЛЕ, ЌЕ ИМА ВРАБОТУВАЊА, а тие полни со знаење и ентузијазам завршиле факултет, сакаат да продолжат со нивниот живот напред, сакаат да појдат на летовање, на зимовање, сакаат достојно да ја дочекаат нова година, сакаат да формираат семејство.
Воведе Ден на идеи, убајна, за сликање и маркетинг прва лига, секој кој сака можи да му кажи нешто на градоначалников. Не сакам ни да поверувам дека од сите тие што доаѓаа кај тебе изминативе години, не се најде барем по еден годишно кој што ќе ти предложеше некаков си проект за намалување на невработеноста во Прилеп. Па еден да прифатеше од сите тие, алал да видеше некој. Нормално ги имаш прифаќано оние кај што треба да се искоси некое паркче да се клај некоја клупа 3-4 квадрати плочки и супер. Се во насока на шминкање на невестава.
Една ламба да наместиш, една коцка да наместиш на улица одиш и се сликаш. Верувај одбивен си им на младите и на народо во Прилеп со овие глупости. Тоа е најмалку што можиш да направиш со 14 000 000 евра буџет кој што го имаш. Се надевам дека следното пуштање на некоја ламба нема да те качат во корпана и да те кренат високо, високо, високоооооо да ја пресечиш панделката на таа висина, а ако тоа се случи те молам внимавај да не ја утниш па да пресечиш некоја жица, гревота си.
Немаш никакво право, ама баш никакво право да кажуваш што било порано, а што е денеска. Порано колку за споредба кога јас бев средношколец со 150 денари можеше да излезиш вчаршија и да си ја поминиш вечерта. Времето кога беа 33 денари BOSS цигарите, времето кога 40 денари беше пијачка по кафичите, времето кога со 30 денари со такси се одеше од едниот крај на градот до другиот. А сега со 150 денари……, море какви 150 денари и тие ги нема.
Го вети базентот на младите во Прилеп, единствениот базент ко го направи во изминативе 8 години тоа е во Штавица (не сум сигурен баш дали е и готов). СРАМОТА уше една лага.
Ете затоа мили пријатели ИМАМ ОБВРСКА ДА МУ КАЖАМ НЕ НА МАРЈАН. Заради уништените генерации на млади луѓе кои седат дома без работа, без перспектива. Твоите обврски Марјане кон Прилеп и прилепчани завршуваат на 24-ти март оваа година.
Дарко Конески