Отворено писмо: До началниците на МВРО во македонските градови

Од:

Од пред неколку дена во рамките на граѓанската акција „Заслужуваме подобро“ започнавме со емитирање звук и пуштање аудио пораки и спотови од озвучена ЛАДА Нива исто онака како за референдумот за ГТЦ (секако таа која ја украдоа началниците и никад не ја најдоа – Зошто ЛИ?!) . Секаде каде што одиме граѓаните со воодушевување не поздравуваат, ги слушаат пораките, ни мавтаат и не поддржуваат. НО на началниците на МВРО-то од Македонските градови тоа не им се допаѓа, па без никаква причина два дена по ред , вчера во Кавадарци а денес во Велес не запираат и без образложение не задржуваат по 20тина минути.

Сообраќајците кои не запираат морам да признаам дека се исклучително коректни (исто како и јас и колегите кои одиме со ладата) побаруваат само основни возачки документи и потоа незнаат што да прават. По запирањето следи вртење телефони и известување на претпоставените (началниците) дека не запреле. Кутрите сообраќајци на лицето им се гледа дека не им е право што не сопреле и дека имаат таква наредба (со гестикулација и шепот тоа и го потврдуваат). Некои од полицајците и си ги потпевнуваат спотовите и потврдно климаат со главите на пораките од спотовите бидејќи и тие се свесни и знаат дека сите заслужуваме подобро. Знаат и тие дека сите заедно сме заложници на началниците – тие на своите кои им наредуваат да не следат и запираат, а сите ние на главните началници на началниците.

Драги началници имам само една порака до вас. Од сад па надаље и у будуќе кога ќе сакате да ме запредте излезете од вашите канцеларии и запрете ме лично, не ги ставајте младите полицајци некогаш и двојно помлади од мене во незгодна ситоација да се резилат и да неможат да ме погледаат во очи. Излезете од дувлата да не видите на улиците, излезете да ја видите промената на лицата на граѓаните кога ја слушаат ладата која ги охрабрува дека заслужуваат подобро. Излезете да видите дека можеби и вие заслужувате подобро, подобро отколку да бидете слепи извршители на партијата. Драги началници знајте дека кога следен пат ќе ме запрете за сето време додека чекам покрај полициското возило од звучниците на кровот на ладата до даска ќе оди само спотот за репресијатаврз граѓаните кој вели „Живееме во држава во која власта наместо да ги слуша незаконски ги прислушкува своите граѓани и Полицијата уби дете на плоштад а началниците се обидоа да сокријат“ – додека во позадина трешти Let the Sunshine химната на хипи движењето. Драги началници знајте дека нема да ме исплашите, знајте дека со своите дела ја загрозувате слободата на изразувањето, знајте дека ме попречувате во извршувањето на граѓанските активности ( и обврски) , знајте дека вашите обиди за замолчување на ладата се обиди за ззамолчување на слободата на говорот на граѓаните на Република Македонија, најте дека гласот од ладата е гласот на граѓаните на Македонија кои полека но сигурно доаѓаат по своето, знајте дека ќе поминам во секое село и во секоја уличка за граѓаните да слушнат и да се уверат дека заслужуваат подобро. Знајте драги началници дека со вашите чекори ја брукате и резилите полициската униформа, знајте дека го кршите уставот на Македонија, знајте дека гласот на ладата на далеку се слуша, знајте дека како полицајци треба да служите на граѓаните, а не на партијата, знајте дека јас ве плаќам, знајте дека граѓаните ве поставуваат и ве разрешуваат. Знајте дека ничија свеќе не горела до крај. Е и да не заборавам утре сум во Струга, задутре во Скопје Понеделник во Штип, вторник во Битола.

Се гледаме!

Никола Писарев

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска