Отворено писмо до мојата пријателка Лилјана Поповска

Од:

Драга и почитувана Г-ѓо Поповска Ви се обраќам на ваков начин во неможност лично да се сретнам со Вас.

Од секогаш сте оставале силен впечаток врз мене со вашата насмевка, мек и културен начин на комуникација и едноставно со Вашата непосредност и едноставност.

Морам да признаам дека кога влеговте во политиката не ми бевте баш јасна. Не ми беше јасно што бара една нежна дама меѓу сите тие медиокритети и , да ми простите, надркани типови кои глумеа политика, а беа прилично со дилетантско однесување. Едноставно не можев да Ве замислам во таа комбинација. Не можев да прифатам дека Вие ке умеете да се справите со сите нив.

Не знам колку Ви е познато, јас бев Ваш противник на локалните избори како коалиционен, индивидуалец, партнер во Сојузот за иднината. Да нема забуни ова Ви го пишувам како слободен стрелец, што всушност од секогаш сум бил.

И сега веројатно после овој вовед се прашувате што всушност сакам од Вас!?

Е па Драга Г-ѓо, Вие како председателка на една зелена партија која ја формиравте како еколошка, како партија која ќе ја штити природата и ке се грижи за доброто на своите граѓани. Едното без другото не оди, нели? Ако имаме здрава средина, зеленило ќе имаме и здрав народ. Ќе имаме здрави деца, ќе имаме природа во која нашите деца нормално ќе се развиваат и растат.

Дали е така и дали Вие се грижите за сето погоре напишано? Дали Вашата партиска платформа се спроведува на дело или и Вие и Вашиот ДОМ сте си добро вдомени и едноставно не Ве интересира тоа што еколошките вандали го прават со Скопје?! Дали не чувствувате барем малку срам за она што Вашите коалициони партнери го прават? Дали Драга Љилјано единствена цел Ви е да бидете што поблиску до големиот колач наречен Македонија, за да можете и Вие да си грицкате малку? Дали Вашиот интелектуализам Ви дозволува вакво Ваше однесување?

Пред нос се уништува шума, пред Ваши очи се уништува зеленило на секој чекор, а Вие некаде рековте дека е добро што тоа се прави!!!!!!

Зар е можно да излегло тоа од Ваша уста?! Зар е можно една нежна дама да се претвори во нечувствителност.

Дали не мислите дека Вие и Вашите истомисленици треба да бидете на браникот во одбрана на природата? Дали не мислите дека требаше да го дигнете Вашиот глас кога се поткопуваше Водно за некои да профитираат. Не би сакал да верувам дека и Вие сте една од нив. Дали ви паднало на памет дека со тоа поткопување се нарушува статиката на планината? Дали Вие и вашата партија помисливте на староседелците на Водно, таму сум растен, дека нивните куќи можат да излизгаат и дека може многу фамилии да настрадаат и останат без покрив над глава?

Морам да признаам дека не знаев што значи ДОМ. Случајно дознав и на крај сакам да ве прашам дали Вашата ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА вака  обновува. Ако е така Ве молам немојте повеке да ме обновувате. Немојте ноќе дури спијам да ми ги сечете корењата.

Аман, клекнувам пред Вас и молам немојте повеќе никаде да ме застапувате

Со почит и сеуште респект кон Вас

Бившиот глумец Марин Бабиќ

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска