Отворено писмо до Горан Петрески

Од:

МРТВ се прогласува за слободба зона!

Горане,

Еве ме, се враќам од уште една велелепна манифестација на незадоволството и гневот на јавноста од работењето на Македонската радио телевизија, односно од нејзиното позиционирање во истириската драма низ која минува Македонија! Ти сигурно ѕиркаш од своето џамче и гледаш како идејата што тргна како решеност на генералот Ангелов, секојдневно се шири и добива нови приврзеници и форми!

Денеска слушнав неколку прекрасни говори. Всушност, сите беа прекрасни, сепак, не можам, а да не ги издвојам обраќањата на Сашо и на Синоличка. Признавам дека ми ги навлажнија очите! Јас ќе говорам во некоја наредна прилика, а сега и тука, сакам да изнесам еден предлог кој, вистина, има ултимативна димензија, ама тоа е, такви се времињата, ова што се случува во Македонија, сепак, е една историска, егзистенцијална, би рекол, битка, хамлетовска работа, да се биде или не, тоа е, или режимот на Никола Груевски и неговата банда лудаци или ние, како граѓани и како држава!

Затоа те поканувам да ги прочиташ долните редови и да постапиш според инструкциите што ќе ги сретнеш! Или не! Ти ќе си решиш!

1. Вработените во Македонската радио и телевизија, пред се новинарскиот, уредничкиот и менаџерскиот кадар, ја третираат стварноста во Македонија на начин кој е спротивен на минималните професионални и морални стандарди! Тие прават тешки повреди на овие норми преку тенденциозната и, во основа, искривувачка селекција на тоа што ќе решат да го објават, односно да не го објават, преку тенденциозната интонација на тоа што го објавуваат и преку производството на таканаречената информативна стварност која што ја нема во реалноста, сеедно дали тие деформации, со кои ги доведуваат гледачите, односно јавноста во Македонија во заблуда, го прават затоа што лично имаат такви искривени погледи на животит или тоа го прават затоа што така и одговара на власта со која се во директни и неспорни контакти!

2. Освен што се во судир со прифесионалните и моралните стандарди тие се во судир и со кривичните норми, односно со одредбите од Кривичниот закон! Тие се важен инструмент во рацете на Злостирничкото здружување против Македонија, односно тие се соучесници во Злосторничкиот потфат против Македонија и против граѓаните на Македонија! Во заговорот што го води власта. Тоа се тешки кривични дела!

3. Дали разбираш, Горане, за што зборувам, односно дали ја разбираш комплетната димензија на својата ситуација и на ситуацијата во која под твоето раководство се доведени голем број од вработените во МРТВ!?

4. Со оглед на изнесеното, јас те повикувам тебе како главен и одговорен уредник на Телевизијата, вечерва, до крајот на централните вечерни вести, да донесете и да реализирате неколку одлуки:

Прво, во централните вести, Македонската радио телевизија се прогласува себе си, ти ја прогласуваш, за слободна зона, во која се сметаат за непримерени и се одбиваат сите политички интервенции во уредувачката, кадровската и финансиската политика од страна на власта и целосно се става на страната на јавниот интерес, всушност, прогласува дека се враќа во својот законски статус!

Второ, во централните вести ти читаш соопштение во кое МРТВ ги осудува директните и индиректните, многу грубите и поперфидните и штетни влијанија на власта и мешањата врз работењето на јавниот сервис во степен со кој го деформираа јавниот сервис и го претворија во партиско- политичка логистика на ВМРО-ДПМНЕ!

Трето, Македонската радио и телевизија и нејзинито раководство им се извинуваат на граѓаните на Република Македонија , ти им се извинуваш, посебно на претплатниците за лажната, тенденциозна и многу штетна информативна и друга програмска политика што ја водеа во последните девет години, исцело во корист на власта!

Четврто, комплетното раководство поднесува неотповикливи оставки и веднаш се повлекува од функциите.

Петто, раководството е должно да ги извести сите вработени, буквакно сите, дека носат одредено ниво на субјективна и објективна одговорност во смисла на помагање на Злосторничкиот потфат против Македонија, односно дека се во зоната на кривичната одговорност и дека можат да останат во телевизијата и да се соочат со тоа или веднаш, до крајот на централните вести, заедно со раководството, да ја напуштат зградата на телевизијата и своите работни места и на тој начин да се обидат да се ослободат од сите одговорности.

Шесто, до изборот на ново раководство и програмски органи, раководството на МРТВ, како последна одлука пред оставките и пред излегувањето од зградата, ги обезбедува сите технички и кадровски услови за непрекинато емитирање исклучиво на снимките од бомбите на Заев!

Седмо, ако не постапите како во точките од еден до шест, јас ти гарантирам дека лично ќе се заложам за најстрого кривично гонење на тебе и на твоите колеги, а не се сомневам дека новите рехабилитирани институции на системот, по службена должност, ќе го сторат истото!

Бранко Тричковски

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска