Отворена претстечајна постапка за ТВ Нова

Од:

Отворена е претстечајна постапка за ТВ Нова. Централниот регистар постапувајќи по службена должност за упис на решение за поведување на претходна постапка на Основен Суд Скопје 2 од 23 март годинава донесе решение со кое се одобрува пријавата за започнување претходна постапка за испитување на услови за отварање на стечајна постапка над должникот ТВ Нова ДООЕЛ Скопје.

За привремен стечаен управник се определува Владица Ивановска.Се задолжува привремениот стечаен управник да го заштити имотот на должникот со сите соодветни средства, да дава согласност на органите за управување на должникот за водење на работењето се до донесување на одлука за отворање на стечајна постапка со цел да се избегне значително намалување на имотот и да испита дали должникот има имот над кој може да се отвори и е доволен за спроведување на стечајната постапка и намирување на трошоците на стечајната постапка и побарувањата на доверителите и да изготви извештај за економско финансиската состојба на должникот.

Рочиштето за изјаснување по предлогот за отварање на стечајна постапка е закажано за ден 24 април годинава. Барањето неофицијално е поднесено од „Телекабел“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март