Отворена нова телевизија во Гостивар

Од:

Телевизија Глоби е името на новиот медиум на гостиварското подрачје кој деновиве почна со работа. Според најавите, со сопствена продукција и информативни емисии ќе почне од мај.

Засега, сигналот со тест-програма се емитува преку кабелските оператори. Покрај музички спотови, гостиварци можат да проследат и куси вести.

Блерим Мустафи, сопственикот и директор на „Г-ТВ“ фирмата под чија капа работи телевизијата, вели дека идејата да отвори телевизија следи по неговото повеќегодишно работење како новинар.

– Освен, како новина што сме целосно дигитализирани, нашите програмски содржини ќе внесат и поквалитетен начин на пренесување на информацијата. Иако форматот на телевизијата е повеќе од забавен карактер, значителен дел од ресурсите ќе бидат насочено кон информирањето. Сметам дека на граѓаните им е потребно објективно и коректно информирање. Тоа ќе биде и основниот принцип на работа, вели Мустафи.

Тој појасни дека се при крај со подготовките и создавање на тим од репортери, камермани и технички персонал. Наскоро ќе излезат и на терен и ќе ги усовршуваат техниките. Во тимот на ТВ Глоби покрај локални новинари ќе бидат поканети да се приклучат и познати тв-лица.

Седиштето и студијата на телевизијата е во Сити Центар во Гостивар.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски