Отворен првиот Центар за за хуманост и борба против насилство врз животните

Од:

Здружението за заштита на животни Анима Мунди го отвори првиот Центар за хуманост и борба против насилството врз животните во Република Македонија.

Од Здружението информираат дека преку Центарот ќе се обидат да влијаат на јавната свест и промовираат хуманост, но и да обезбедат конкретни услуги за превенција, односно евиденција и санкција на насилството врз животните. Воедно, најавуваат и соработка со институциите и дејствување во насока да се обезбеди силна законска рама која ќе ги штити животните во државата.

Центарот е лоциран во ТЦ Бисер (на први кат), и е овозможен преку програмата Цивика мобилитас, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ) од Шведска.

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

ВИДЕО: Продолжува суровоста во Македонија-куче фрлено од седми кат

Предраг Петровиќ

Анима Мунди: Итно да запре убивањето кучиња во ЈП Лана, Струмица и да се овозможи непречен влез на активистите

„Кучиња се дават во крв додека некој се радува на победа“: Помеѓу Охрид и Струга изграден ринг за борби

Орце Костов