Отворен ден на Факултетот за електротехника и информациски технологии при УКИМ

Од:

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска им овозможи на средношколците и на сите заинтересирани да се информираат за нивните програми за студирање.

– Со организирање на овој Отворен ден, ФЕИТ сака на средношколците да им ги претстави можностите и условите за студирање, детално да се запознаат со студиските програми како и тековните проекти на кои работат нашите студенти. Преку отворените денови, практичната работа во текот на студирањето, како и проектите кои ги имаме во соработка со разни компании, ФЕИТ го покажува вниманието кое го посветува на своите идни студенти, веќе запишаните студенти и секако колеги по завршувањето на своите стидии, изјави професор д-р Миле Станковски, декан на Факултетот за електротехника и информациски технологии. 

Заинтерсираните средношколци беа пречекани од деканската управа, наставниот кадар и од колеги студенти. Тие имаа можност да прошетаат низ факултетот, да ги погледнат лабораториите при секој институт, да зборуваат со нивните идни професори и да се информираат за можностите кои би ги имале од студирањето на различните студиски програми.

Покрај Отворениот ден, ФЕИТ денеска е домаќин и на Националната математичка олимпијада на која учествуваат средношколци од прва до четврта година кои покажале исклучителни резултати во натреварите по математика.  Според продеканот за наука и меѓународна соработка Александар Ристески очекувањата на ФЕИТ се дека дел од овие натпреварувачи ќе станат нивни идни студенти за кои факултетот обезбедува пет стипендии.   
На Институтот за телекомуникации, пак, се одбележува стогодишнината од раѓањето на Клод Шенон 1916 – 2016, татко на теоријата на информации.

За средношколците кои не беа во можност да присуствуваат на денешниот Отворен ден, ФЕИТ организира информативни денови во среда на 11- ти мај и на 8 – ми јуни, како и непосредно пред уписите во август.

Би можело да ве интересира

Студиските програми на ФЕИТ добија акредитација од германска агенција

А1он

Манчевски го отвори меѓународниот натпревар за роботика и вештачка интелигенција „RoboMac-2020“

А1он

Меѓународен натпревар по роботика и вештачка интелегенција на ФЕИТ

Ана Ололовска

На ФЕИТ ќе се тестираат 5Г мобилни технологии и системи

Ана Ололовска

На ФЕИТ ќе биде отворена прва лабораторија за тестирање на 5Г

Ана Ололовска

Заврши десеттиот „Робомак 2019“

Ана Ололовска