Oтстранувањето на новинарите не може со ништо да се оправда!

Од:

Заедницата на новинари и граѓани за одбрана на суспендираното уставно право на слобода на информирањето на својата страна пишува дека отстранувањето на новинарите не може со ништо да се оправда!
Еве го ставот:
Кога на новинарите им било кажано да ја напуштат галеријата од каде ја следеа седницата на собранието, многумина тргнале мирно да си одат, вели еден колега. Повеќето не препознале дека станува збор за оневозможување на јавноста да има информација за тоа што се случува. Оваа слика поразува, но е најдобар показател дека ние се потешко препознаваме што е, а што не е наша задача. Убиен ни е новинарскиот инстинкт. Затоа сега од владата одат спиновите дека новинарите два пати биле замолени да ја напуштат галеријата, ама тие одбиле па биле исфрлени. И некои колеги, па и главни уредници ја прифаќаат како оправдување или релативизирање на инцидентот. Да повториме: седницата беше јавна, за затворена седница се носи посебна одлука и за тоа јавноста се информира – тоа не беше сторено! Отстранувањето на новинарите не може со ништо да се оправда! Ниту тие претставувале закана за безбедноста, ниту нивната безбедност била загрозена. Новинари следат конфликти, високо ризични ситуации, тоа ни е работа. Да им забраниш тоа да го прават само затоа што некој проценил дека не треба да бидат сведоци на тоа што се случува е исто како на пилот да му кажеш да не пилотира додека авионот е во воздух, на лекар да не оперира..Новинарите се очите на јавноста, тие се таму за да им кажат на граѓаните кои ја немаат привилегијата да бидат сведоци на настани што ги засегаат што се случило и како. Новинарите се таму за нив и заради нив. Третманот на собраниските новинари е слика за третманот на новинарите во ова општество. И (не)реакцијата исто така е слика за тоа како тие одговараат на тоа. Честитки за колегите кои не ја заборавиле суштината на професијата

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов