Отстранета бетонската база што ги загадуваше Петровец и околината

Од:

Државниот инспекторат за животна средина по претставка на граѓани и на барање на општината Петровец, која нема овластен инспектор за животна средина, во неколку наврати во текот на месец март извршила надзор во бетонската база АРАДИКО КОП ДООЕЛ, с. Р’жаничино. Од ДИЖС информираат дека по утврдувањет на незаконското работење, извршено е отстранување на бетонската база од локацијата и чистење на реката, како резултат на инспекциската постапка.

– Бетонската база работела врз основа на Елаборат за заштита на животната средина, што Министерството за животна средина го одобрил за проектна документација со предвиден силос за цемент со волумен до 50м3. Но, базата работела со два силоси од по 50 тони, за кој капацитет било неопходно издавање на Б интегрирана еколошка дозвола, што не била обезбедена. Покрај функционирањето без соодветна дозвола, од базата и од тешките товарни возила се ослободувале емисии во воздухот, бучава и вибрации. Дополнително, вишокот на бетон од цистерните се исфрлал во река, посочуваат од ДИЖС.

Домаќинствата од блиската населба, според ДИЖС, може да здивнат заради отстранувањето на овој загадувач што долги години бил причина за нарушување на нивното здравје и квалитет на живот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шукова: Не може граѓаните да се гушат, нивното здравје да биде под ризик, а ДПМНЕ да спие како власт

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да мислеа повеќе на животната средина наместо да крадат кај ќе стигнат, ќе направеа нешто

Кузеска: Власта да не го игнорира загадувањето, да ги прифати и да ги реализира мерките на СДСМ

Скопје утрово со умерено ниво на аерозагаденост, прекинат прагот на алармирање во Струмица

СДСМ предлага серија на итни мерки за борба против загадениот воздух

Прекинат прагот на алармирање за аерозагадувањето во Струмица