И скрши три ребра на сопругата во Петровец – насилникот се обиде да ја задуши

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за нанесување тешка телесна повреда од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

При вршење семејно насилство тој со умисла тешко телесно ја повредил неговата сопруга.

По кратка вербална расправија на 28 октомври во семејниот дом, осомничениот 67-годишен жител на селото Петровец физички ја нападнал сопругата, ја удирал со раце и нозе по целото тело и главата, ја гушел и се обидувал со каиш да и ги врзе нозете.

Жената на моменти губела свест, но успеала да се ослободи и преку прозорецот избегала кај соседите за да побара помош.

Од семејното насилство се здобила со тешки повреди – скршеници на три ребра и хематоми.

Ценејќи ги сите околности, особено опасноста од бегство на осомничениот, но и веројатноста да го повторува насилството кое го вршел и во присуство на ќерките и малолетната внука, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

Би можело да ве интересира

И стави пиштол в рацете на малолетната ќерка, па бараше таа да пука во него

А1он

Инцидент на патарината „Петровец“, повреден е работник, искршена е рампа

Татко му и мајка му ги избрка од дома, а вујкото го прободе – притвор за жител на Челопек

А1он

Уапсен е 24-годишен насилник од Скопје кој со метална цевка истепа полицаец

Велешанец ја следел девојката, ја навредувал и ја малтретирал, но и нанел и повреди

Горан Наумовски

Кавадарчанец ја нападна сопругата, па постави ГПС локатор во нејзиното возило

А1он