Откриени и казнети осум неисправни возила за јавен превоз на територија на СВР Тетово

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека при контрола на територија на СВР Тетово се откриени и казнети осум неисправни возила за јавен превоз на патници.

„Денеска (1.12.2021) од 8 до 11 часот, полициски службеници на СВР Тетово спроведоа акциска контрола на техничката исправност на возила што вршат jавен превоз на патници , претежно автобуси и комбиња.При контролата откриени и санкционирани се вкупно осум неисправни возила (ТЕ-3 и ГВ-5).Шест од нив (ТЕ-3 и ГВ-3) имале неисправни сопирачки, 1(ГВ) неисправен уред за управување и 1 (ГВ) неизвршен технички преглед.Сите неисправни возила исклучени се од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци.При контролата, исто така, санкционирани се и четири други видови сообраќајни орекршоци ТЕ-2 и ГВ-2)“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар