Откриени 120 куршуми во возило на Ќафасан

Од:

Царинските службеници од граничниот премин Ќафасан открија обид за нелегално внесување муниција за огнено оружје во државата, соопшти во средата царинската управа.

Инцидентот бил регистриран на 05.10.2012 година, кога за влез во државата се пријавило патничко моторно возило, марка VW Passat, со македонски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин од Велешта, Струшко, придружуван од неговата сопруга.

На прашање на царинските службеници, возачот одговорил дека нема ништо за пријавување за царинска контрола, но при извршената контрола на внатрешноста на возилото, под совозачкото седиште, покриена со џемперот на сопатничката, била пронајдена најлонска кеса со  120 куршуми за огнено оружје, со калибар 7,62 mm.

Пронајдената муниција е предадена на вештачење во Одделот за криминалистичка техника на Министерството за внатрешни работи, а по комплетирање на случајот, против возачот  ќе биде поднесена соодветна пријава за утврдување на неговата одговорност.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: Турција се вооружува за да ја зголеми регионалната предност

Украина од увозник, прерасна во земја извозник на оружје

„Политико“: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

Зеленски: Постои оружје што може да го промени текот на војната

Горан Наумовски

Во Бања Лука се уништени повеќе од 1.500 парчиња оружје

А1он

Словачка нема да испраќа воена помош во Киев