Откриени 12 килограми марихуана на граничниот премин Блато

Од:

На граничниот премин Блато во возило марка „мерцедес“ на албански државјанин откриени се 12 килограми марихуана.

Дрогата е пронајдена вчера кога 33.-годишниот З.Л. околу 13:40 часот се пријавил за влез во Република Македонија. Марихуаната била спакувана во 23 пакувања залепени со најлонска и алуминиумска фолија и облепени со селопејп лента, сместени во левиот и десниот праг од возилото.

Албанскиот државјанин откако видел дека царинскиот службеник го демонтира прагот на возилото, избегал кон територијата на Албанија, но е приведен по еден час потрага која е реализирана во соработка со албанските погранични власти.

По документирањето на целиот случај и прибирањето на сите материјални докази, Царината соопшти дека ќе биде поднесена кривична пријава против З.Л. за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекрусори“.

Би можело да ве интересира

Разбиена мрежа за дрога – повеќе од 100 уапсени во Украина, Полска и Молдавија

А1он

Филипче: Немам врска со било која фирма за марихуана, власта прави дефокус од скандалот со 5 тони дрога

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он

(ВИДЕО) Петрушевски: Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев

Горан Наумовски

Во нова акција на полицијата запленети се околу 20 тони марихуана

Опсежна полициска операција во Струмичко, се претресуваат „легални“ производители на канабис

Горан Наумовски