Откриен убиецот на дедото од Крива Паланка: уапсен 27-годишник, поднесена и пријава

Од:

Расчистено е делото со убиството на дедото во Крива Паланка кој беше пронајден починат во неговиот дом.

Полицијата веќе поднесе и кривична пријава по брза постапка, која е доставена до ОЈО Куманово. Осомничен за убиството е С.Д. (27) од Крива Паланка, тој е изведен пред Основен суд Куманово.

од МВР велат дека на 05.12.2023 од страна на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал, во содејство со СВР Куманово – ОВР Крива Паланка, лишен е од слобода С.Д.(27) од Крива Паланка. Тој се сомничи дека сторил кривично дело „убиство“ врз М.Д.(76) од Крива Паланка, предвидено и казниво по чл.123 од Кривичниот законик.“

Имено, на 21.11.2023, по извршена обдукција на телото на М.Д., кој бил пронајден починат во својот дом на 20.11.2023, во Институт за судска медицина и криминалистика Скопје било констатирано дека станува збор за насилна смрт, по што веднаш се преземени мерки и активности за расчистување на случајот.

Полицијата извршила претреси во домот и други простории, разговори со повеќе лица, обезбедени се материјални докази, а осомничениот е пронајден и приведен во полициска станица, каде во службен разговор тој во целост го појаснил извршеното тешко кривично дело. За случајот сочинета е кривична пријава по брза постапка, која е доставена до ОЈО Куманово и С.Д. е изведен пред Основен суд Куманово.

Би можело да ве интересира

Полицаец призна убиство на бремена фитнес инструкторка – играле „игри со задушување“

А1он

Екс корзикански националистички лидер убиен на погребот на мајка му

А1он

Татко ја уби ќерката (18) поради „погазена чест“ – избега во Сирија, а синовите му се во холандски затвор

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

Со нож ја уби мајка си во Богданци, па сам се пријави во полиција

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија