А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Откриен сторителот на убиството во населбата Даме Груев

by А1он31/12/2018 - 14:3531/12/2018 - 15:15305
Share0

Единица за насилен криминал при СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против 25-годишниот скопјанец С.П., поради основи на сомневање дека извршил кривично дело „убиство“ казниво по член 123 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Добивај вести на вибер

„На 28.12.2018 година околу 21:30 часот на улицата Шарпланинска во Скопје, по претходно договорена средба, пријавениот со пушка „црвена застава“ испукал два патрона во Н.Д. на возраст од 38 години, исто така од Скопје, кој седел во патничко моторно возило „Фолксваген пасат“ и го убил. Пријавениот потоа ја ставил пушката во возило „Пежо 106“, со кое бил дојден, и го напуштил местото на настанот“, инфомираат од полицијата.

Од МВР додаваат дека по убиството тој појаснил дека во неколку наврати, од Н.Д. земал пари, а по претходен договор, требало на 28 декември во 21:00 часот да му врати дел од парите. По кажување на пријавениот, Н.Д. во два наврати, неколку дена претходно му упатувал закани доколку не ја врати сумата на пари, како што претходно се договориле, инфомираат од полицијата.

Од МВР додаваат дека 25-годишниот скопјанец е уапсен.

crna hronikahronikaskopjeubstvo

Би можело да ве интересира

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

Катерина Ѓуровски19/03/2026 - 08:24

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 14:52

Излажал жена од Прилеп дека внукот ќе и оди во затвор заради сообраќајка во странство – и зел неколку илјади евра

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 10:2617/03/2026 - 13:06

19-годишник пронајден мртов во стан во Битола

Катерина Ѓуровски13/03/2026 - 13:28

Уапсен 18 годишник, се заканувал дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во средно училиште

Катерина Ѓуровски13/03/2026 - 12:20

Тригодишно дете од Штип затруено со лекови

Катерина Ѓуровски12/03/2026 - 13:2212/03/2026 - 13:37
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен