Откази за замајување на јавноста, Заев го послушаа малкумина

Од:

Пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска, вчера не се осмели пред медиумите да ја соопшти одлуката дека отказ од РЕК Битола, каде беше ангажиран на определено време дава нејзиниот брат, а сопругот се откажува од унапредувањето. Ни збор во напишаното на ФБ не кажа зошто нејзиниот син останува редовно вработен на неопределено време во ЕЛЕМ.

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, се пофали дека неговиот дедо го откажа ангажманот на одреден период, преку Агенција за времени вработувања, во Фабриката за опрема и делови во Битола. Но затоа не побара од својата сестра да даде отказ на работно место советник во Централен регистар. Дел од пратениците и функционерите на СДСМ не ја чуја пораката од нивниот лидер Зоран Заев сите роднинско-сватовски врски да престанат и сите вработени блиски на функционери да си заминат.

Овој став на Заев воопшто не важи за ДУИ и тие се однесуваат како и да не го чуле и како да функционираат во паралелна влада. Другите синови и ќерки, братучеди и баџанаци, сватови и сопруги си остануваат на своите работни места и чекаат да се стиши вревата, или скандалот со непотизам да биде покриен со друг скандал. Иако треба да се преиспитаат и вработувањата од претходната власт и лажните огласи и дипломи, сепак, ова не е алиби.

Непотизмот не смее да царува во државната администрација и единиците на локалната самоуправа. Ова беше предизборно ветување на актуелната власт на кое потфрли.

Би можело да ве интересира

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

Орце Костов

Николовски за внукот кој работи во М-НАВ: Се работи за највисоко стручен кадар, треба да се бориме таквите да ги задржиме дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов