Осум тони жива во ОХИС закана за населението

Од:

Десет илјади тони отровен линдан и уште осум тони жива, несоодветно складирани демнат во фабриката ОХИС.

И живата и линданот се опасни по здравјето на човекот, експертите објаснуваат, посебно живата која ги напаѓа бубрезите и нрвниот систем.

Според последните истраживања, чешки експерти утврдија дека живата е присутна во големи количини на различи локациии на површина од десет хектари.

Контаминираната почва претставува опасност доколку ги загади подземните води, на тој начин живата дирекно може да се пренесе во водата за пиење или во исхранта доколку се наводнува со таа вода, вели професор д-р Михаил Кочубовски од Институт за јавно здравје.

Конкретни мерки за деконтаминација на просторот досега не се превземени затоа што биле потребни 40 милиони евра. Од Министерството за животна средина најавуваат нов проект. Проблем се финансиските средства што треба да ги обезбеди идниот соптвеник на фабриката ОХИС.

„Досега имало неколку предлози од странски експерти за чистење на најзагадениот дел или зградата каде што живата се користела во производниот процес“, вели Марин Кочов, од Министерството за животна средина.

Според Министерството за животна средина проблемот не бил едноствен, нема кој да плати за деконтаминација на овој атрактивен простор. Непознато е и дали ќе има воља од страна на идниот инвеститор да вложи огормни средства за да се исчисти просторот од опасниот отпад. Досега пропаднаа седум тендери за продажба на некогашниот хемиски гигант.

Јасмина Спасовска

Би можело да ве интересира

Се извезуваат последните контејнери контаминирана почва од ОХИС од „ЛОТ“ 3, почнува извозот од „ЛОТ“ 4

Пожар избувна во ОХИС, гори оџак и дрвна маса

Орце Костов

Уште 80 тони опасен отпад од ОХИС се испратени на уништување во Франција

Катерина Ѓуровски

Првите количини на опасниот линдан од малата депонија од ОХИС заминуваат од нашата државата

(ВИДЕО) Ковачевски: Со отстранувањето на линданот од „ОХИС“ ги решаваме наследените еколошки проблеми

Ана Ололовска

МВР: Пожарот во „Охис“ го предизвикало лице што ја заварувало оградата, ќе следува пријава

Мери Јордановска