Осудениот Игор Спасов на лекување заради влошена здравствена состојба

Од:

Игор Спасов, осуден за убиство на Мартин Нешкоски, е на лекување заради дијагностицирање на влошена здравствена состојба и треба да се врати на издржување на казната на 6 август годинава во КПД Идризово.

– Поради сомневање за влошување на здравствената состојба, на барање на КПД Идризово, по претходно доставена молба од осудениот и приложена медицинска документација, на осудениот му се одобрува прекинот на казната од 22.06.2018 до 07.07.2018 година. Во медицинскиот наод е наведено дека актуелната здравствена состојба кај осуденото лице се следи суспектен наод на липоматозна туморозна формација која дијагностички треба да се потврди, а заради која прекинот на казната е одобрен, се наведува во соопштението од Управата за извршување санкции при Министерството за правда.

На 5-ти јули годинава, Основниот суд Штип го известил КПД Идризово дека на барање на осудениот, на истиот му се продолжува прекинот на казната, и тој ќе се врати на доиздржување на казна затвор во КПД Идризово на 6 август годинава.

– Барањата на осудените лица или на казнено-поправните установи кои се однесуваат на влошена здравствена состојба или потреба од клинични испитувања, се предмет на одобрување на прекин на казната од страна на Управата за извршување на санкциите и надлежните судови. Прекинот на издржување на казната не се засметува во издржаниот дел на казната, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Братот на исчезнатиот Македонец во Грција бара помош од Владата и МНР: Веруваме дека е жив, потрагата не смее да запре

Ландов

ВИДЕО: Екстрадиран Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешкоски – полицијата го спроведе во „Идризово“

Кристијан Ландов

Бугарскиот амбасадор очекува за неколку месеци да заврши постапката за екстрадиција на бегалецот Игор Спасов

Ана Ололовска

Испратено барање до Бугарија за екстрадиција на Игор Спасов

Ана Ололовска

Екстрадицијата на Спасов неизвесна, Бугарија досега одобрувала, но и одбивала да испорача осуденици во Македонија

Кристијан Ландов

Игор Спасов бил уапсен во Софија поради семејно насилство

Ана Ололовска