Осуда за инцидетот на „Маршот на толеранцијата„

Од:

Здружениeто ЛГБТ Јунајтед во Македонија, го осуди вчерашниот инцидент пред одржување на „Маршот на толеранцијата“.

Во инцидентот двајца активисти и борци за права на маргинализираните заедници беа нападнати и истепани.

Кочо Андоновски, претседател на МАССО (Македонска асоцијација за слобода на сексуалната ориентација) и Марко Ковачевски се физички нападнати пред почетокот на Маршот на толеранцијата, кој  се одржуваше  по повод Меѓународниот ден на толеранцијата.

Андоновски и Ковачевски се нападнати од лица кои се противеле на организирање на ваква манифестиција и тоа во моментот кога лепеле плакати. Ковачевски се здобил со контузии, а Андоновски со полесни телесни повреди.
ЛГБТ Јунајтед ги повикува државните органи да реагираат согласно законите и надлежностите и да ги санкционираат сите кои поддржуваат каков било вид на насилство мотивирано од хомофобија или трансфобија.

Полицијата приведе неколкумина од напаѓачите кои се обиделе да побегнат.

Маршот се одржува по четврти пат, а годинава беше  посветен на ЛГБТ популацијата во Македонија.

Воедно се даде и поддршка за жените погодени од говорот на омраза, а се апелираше и за почитување на законот за спречување и заштита од дискриминација и негова имплементација во реалноста.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Велс: Избодени со нож се неколку лица

Горан Наумовски

Инцидент во Виена: Тинејџер со ножици избодел другар

Горан Наумовски

Тренчевска: Со посветеност до потполна еднаквост на жените и мажите во општеството

А1он

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ги спаси сендвичот од детето-семејство на одмор нападнато од слон

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Прозорец од 21 кат падна врз мајка и бебе во количка

Предраг Петровиќ