Основното јавно обвинителство поведе постапка против 38-годишна кумановка по пронајдена дрога

Од:

Кумановското обвинителство поведе постапка против триесет и осумгодишна кумановка за пронајдена дрога, соопшти денеска Oбвинителството. Кај кумановката пред три дена полицијата пронашла прашкаста материја и дрога. Судија од кумановскиот Суд го прифатил предлогот на обвинителството и ѝ определил мерка притвор во траење од 30 дена.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување на истражна постапка и поднесе предлог за определување на мерка притвор против 38 годишна кумановка, поради постоење на основано сомнение дека го сторила кривичното дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

– Осомничената на 4 декември годинава, околу 12:00 часот, во својот дом во Куманово, неовластено заради продажба држела наркотична дрога – хероин во вкупна маса 4,31 грама. Откако претходно ја набавила наркотичната дрога од засега непознато лице, таа дрогата замотана во полиетиленско пакување ја скрила во кутија од цигари ставена на тераса, на прозорот од дневната соба. При претресот службените лица пронашле и дигитална вага, соопшти Обвинителството.

Судијата на претходна постапка при Основен суд Куманово го прифати предлогот на обвинителството и ја определи предложената мерка притвор во траење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

Во Србија фатен бугарски државјанин со над три килограми дрога

А1он

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај

Со потерница ќе се бара 18-годишниот бегалец кој ја прегази Љуба Јаковлеска

Горан Наумовски

Медведев: Приказната за дрогата е изговор, вистинската цел е венецуелската нафта

Податоците од САД ги побиваат тврдењата на Трамп: Кокаинот во САД не доаѓа од Венецуела

Мадуро: Време е за разговори со САД за борба против дрогата