Основниот суд Скопје 2 го одбележа Европскиот ден на граѓанската правда

Од:

Јавноста и транспарентноста во работењето на судот и на сите институции што се непосредно поврзани со работата на судот и со остварување на правата на граѓаните, како што се адвокатите, извршителите, нотарите, стечајните управници придонесуваат кон приближување на системот до граѓаните и зајакнување на довербата во правосудниот систем во целина, нагласи во денешното обраќање. Илир Сулејмани претседател на Основниот суд Скопје 2, по повод Европскиот ден на граѓанската правда

– Секојдневно се соочуваме со изразена недоверба од страна на граѓаните во нашето работење. Довербата тешко се стекнува, а многу лесно се губи. Ве уверувам дека кон стекнување на вашата доверба е насочена работата на сите судии и вработени во овој Суд. Правото на правична судска постапка не е привилегија, туку право на граѓаните, а обврска на судовите, рече меѓудругото Сулејмани..

Граѓаните треба да знаат, подвлече, дека со судска одлука никој не може да добие нешто што не му припаѓа и на што нема право согласно закон. Сулејмани нагласи дека судот може и да згреши, а коректив на тие гршки се правните лекови, како и конструктивната критика од граѓаните и медиумите.

Иџет Мемети, Народен правобранител на Република Македонија, е убеден дека само со добра комуникација меѓу граѓаните и институциите и транспарентност, може да одиме напред и да има реална перцепција за тоа како работат институциите. Потсети дека институцијата Народен правобранител оваа година бележи 20 години постоење, а општ е заклучокот дека во РМ оваа институција е препознатлива меѓу граѓаните и се обидува да ги штити правата на граѓаните и да ги промовира. Основното мото е, истакна, како да ги доближи граѓаните со правото и да имаат повеќе информации за нивните права и како можат да ги остваруваат согласно Уставот и законите во РМ.

Народниот правобранител Мемети потсети дека години наназад кога ги објавува извештаите најголем број на претставки се однесуваат на судската власт.

Институцијата доби нови надлежности над судската власт, добивме мандат, истакна, да бидеме пријател на судот.

– Тоа значи дека Народниот правобранител добива мандат да се вклучи во судските постапки ценејќи го и не повредувајќи го принципот за независност на судската власт, појасни Мемети и додаде оти тоа ќе биде предизвик затоа што од почеток не постои добра комуникација.

Според Мемети, статистичките податоци покажуваат дека најголемиот број претставки кои доаѓаат кај НП се однесуваат за судската власт

– Ако годишно НП прима 1000 претставки од граѓани кои не се задоволни од работата на судскат власт, за 50 проценти од нив не се отвора постапка затоа што се жалаат за судската одлука, што не е наша работа. Од тие 50 проценти што остануваат околу 20 се однесуваат само на перцепција на граѓаните. Таа перцепција треба да го загрижува општеството, да ги најде проблемите и да се надминат.. Останатиот дел се работи за несовесно работење односно на непреземање дејствија, појасни Мемети. Потсети дека првпат во историјата на народните правобранители во РМ во 2005 година се случи поради непреземање на дејствија да биде разрешен судија, а претседал на суд да даде оставка. Тоа се случи во Апелациониот суд во Штип.

Жана Кузмановска, член на Управниот одбор на Комората и адвокат потенцира дека адвокатурата е главен сојузник и најблизок соработник на граѓаните во реализацијата на нивните права.

– Правдата и правосудството во светот и во Република Македонија секогаш биле во центарот на општествените збиднувања, во центарот на интересирањето на стручната, научната и граѓанската фела, некогаш во позитивна, некогаш во негативна конотација, некогаш на рацете на ловориките, некогаш на острицата на ножот. Затоа, при поделбата на власта, неслучајно судската власт е една од трите власти, покрај законодавната и извршната, која го креира општественото милје во кое сите живееме, рече таа..

Адвокатурата, нагласи Кузмановска, продолжува да делува во рамки на правосудниот систем на Република Македонија во насока на обезбедување на правда и достапност на правдата за сите граѓани, без оглед на нивната општествена положба, социјален статус, припадност на одредени општествени групи или економските можности.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

Орце Костов

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски