Османи во Њујорк: Ќе се воспостават дипломатски врски со Јужноафриканска Република

Од:

Во рамки на учеството на Генералната дебата на високо ниво на 78-то Генерално собрание на Обединетите нации, министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска со министерката за надворешни работи на ЈАР Греис Наледи Мандиса Пандор ќе го потпишат Комуникето за воспоставувањето дипломатски односи со Јужноафриканската Република. Со ова ќе се отвораат можности за продлабочување на разни видови соработка меѓу двете земји.

Во денешната агенда е предвидено Османи да учествува и на работна средба со земјите од Западен Балкан. Состанокот е организиран од страна на министерот за надворешни работи и заменик претседател на Владата на Италија, Антонио Тајани. Состанокот се одржува во контекст на забрзување на процесот на европската интеграција на земјите од Западен Балкан, и за поттикнување на регионалната соработка.

Покрај овие настани, денеска Османи ќе учествува и на состанокот наречен „Закана за јавно здравје и безбедноста од синтетички дроги преку глобална соработка“ на покана на американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Со Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, ќе присуствува и на одбележувањето на 50-годишнината од членството на Германија во Обединетите нации.

Би можело да ве интересира

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија

Османи: Ако е Мицкоски криминофоб, се плаши ли од 150 дивоградби во Чаир, или провизиите за Скендербег?

Катерина Ѓуровски

Османи: Секое маало ќе има минимум два паркинга, бесплатен и со плаќање

Горан Наумовски

Османи: Мицкоски е албанофоб, ги мрази Албанците и сака да ги тргне од институциите

Османи: Секоја продавница што ќе се отвори во Чаршија ќе биде субвенционирана, секој мајстор кој ќе обучи чирак, ќе има стипендија

Османи: Чаир не смее да биде општина на стравот