Османи во Анкара на средба со Чавушоглу

Од:

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во рамките на официјалната посета на Република Турција, оствари средба со својот хомолог, Мевљут Чавушоглу. Посетата се случува во пресрет на во годинешното одбележување на 30 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.

На средбата беа отворени темите за билатералната соработка, сојузништвото во рамките на НАТО, регионалната и мултилатералната соработка, како и актуелните меѓународни безбедносни предизвици.

„Минатата година размената достигна околу 800 милиони долари, а податоците од првиот квартал оваа година покажуваат дека сме на добар пат да ја надминеме онаа симболична бариера од една милијарда долари. Работиме за дополнително зголемување на динамиката, за што од лани нашата Амбасада во Анкара беше засилена и со економски советник”, истакна Османи, посочувајќи на важноста која Владата на Република Северна Македонија им ја придава на странските инвеститори кои доаѓаат до Турција.

„Како Влада активно работиме тренд и динамиката на прилив на странски инвестиции од Турција дополнително се зголемат, за што, убеден сум, постои интерес кај двете страни“ – посочи Османи.

Министрите разговараа и за мултилатералната соработка меѓу двете земји во ОБСЕ, во контекст на идното претседавање на Северна Македонија во 2023 година како и сојузништвото во НАТО, со посебен акцент во однос на последиците на руската инвазија врз Украина. Нагласувајќи ја неопходноста за единство во рамките на НАТО, Османи ги поздрави напорите на Турција да посредува меѓу Украина и Русија за изнаоѓање на дипломатско решение и итно запирање на хуманитарната катастрофа.

Османи и Чавушоглу потпишаа Меморандум за разбирање и соработка меѓу министерствата за надворешни работи во областа на протоколот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огромен пожар избувна во Турција: Болница и десетици домови се евакуирани

Муцунски за Османи: Не успеа да добие доверба од своите соседи, а држи лекции за политички легитимитет

А1он

(ВИДЕО) Се преврте автобус во Турција – повредени се 40 патници

А1он

(ВИДЕО) Турција: Се урна училишен хеликоптер, едно лице загина

Анкара признава: Европската врата за Турција е речиси затворена

Кавга меѓу ВЛЕН и Бујар Османи за „српски свет“