Османи: Владата е во паника, праќаат емисари за да бидеме дел власта

Од:

Обраќајќи се синоќа пред граѓаните во Чаир, Османи рече дека последниот бран синхронизирани изјави дека „нема да има предвремени избори“ е „знак на паника“ од очекуваниот пораз на ВЛЕН.

– Кога излегуваат координирано со исти изјави дека нема да има парламентарни избори, тоа е знак на паника. Тие се во паника, рече Османи, тврдејќи дека токму стравот од резултатите ги натерал ВМРО-ДПМНЕ да испраќа „емисари“ кај ДУИ со предлог да влезе во владата по локалните избори.

– Секој ден ни испраќаат емисари за ние да влеземе во влада по изборите во октомври. Директно, од ВМРО ДПМНЕ. Затоа што ги гледаат резултатите. Резултатите се три спрема еден, рече Османи.

Тој јасно им порача дека такво сценарио нема да помине. Во стил на изборен манифест, тој го отфрли моделот на „политичко мешетарење“, при што, како што рече, партии и претставници се менуваат по лична волја на премиерот, без изборен легитимитет.

„Ние не сме народ што можат да го потценуваат, излези ти, влези ти“, рече Османи и додаде: „Нема поголемо понижување од премиерот да ти ги одредува претставниците.“

Тој тоа го нарече обид за институционално понижување на цела заедница, каде според него, малцинствата се третираат како да немаат суверенитет.

„Не можете повеќе да не подредувате. Може да седнете со нас, со победникот. Не со нас како такви, туку со победникот. Со оној што има еден глас повеќе од албанскиот народ“, изјави Османи, инсистирајќи дека секоја легитимна влада мора да се формира во соработка со политичкиот претставник кој ќе добие доверба од мнозинството албански гласачи.

Централната порака на говорот беше јасна: „Ние не прифаќаме да не земате и да не давате, тоа може со тие други, кои тивко прифатиле статус на вазали,“ рече Османи.

Османи го претстави својот политички став како отпор против „режимот на подредување“ и побара нов модел на рамноправна коалиција, каде „се договара за целосна еднаквост, за Охридскиот договор, за соживотот и патот кон ЕУ.“

„Вие не земате влада ниту избирате кого било да не води. Народот одлучува кој влегува и кој излегува“, порача Османи.

Би можело да ве интересира

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он

Нема договор ниту „Бадентер“ за Законот за прекршоци за да почне Сејф сити

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски

ДУИ: Со Балансерот имаше застапеност, со ВРЕДИ има маргинализација