Османи телефонски се слушна со Лавров: Побара од него Русија да ги повлече силите од Украина

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во својство на Претседавач со ОБСЕ, оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров.

„На разговорот, министерот Османи се осврна на предизвиците во регионот на ОБСЕ и ја повтори приврзаноста на Претседавањето на Северна Македонија кон почитување на темелните принципи и заложби на ОБСЕ. Во тој контекст, уште еднаш ја потенцираше неопходноста од прекин на агресијата, повлекување на руските воени сили од Украина и почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, соопштија од кабинетот на Османи.

Во продолжение, министрите Османи и Лавров размениле мислења за најактуелни прашања поврзани со функционирањето на ОБСЕ.

Би можело да ве интересира

Нова ера на оружје: Руска ракета што не познава ограничувања на дострелот

Дуров: Рускиот обид за блокирање на VPN-мрежите предизвика колапс на платниот систем

Војната брутално влијае на Дубаи: „Имаме пари за да преживееме еден или два месеца, а што потоа?“

Ушаков: Ормутскиот теснец е отворен за Русија

Степанов: Америка не сака фронтален конфликт со Москва

Ушаков: Трилатералните разговори за Украина се прекинати

Горан Наумовски