Членството во НАТО претставува затворање на едно важно поглавје во развојот на нашата држава, настан со кој Република Северна Македонија влегува во нова фаза на сопствениот развиток, период на поцврста безбедност и предвидлива стабиллност. Членството во НАТО значи припадност, споделување на вредностите на кои почива западната цивилизација и соодветно вклучување на нашата земја во овие текови. Тоа се вредностите на слободата, демократијата, правичноста и солидарноста. Вредности кои значат сигурна, стабилна и просперитетна иднина. Нека ни е честито членството во НАТО.
Ова го изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на заедничката прес-конференција со премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Османи потсети дека се соочуваме со специфичен предизвик наречен Ковид 19, кој, како што рече, иако не претставува воена закана, претставува безбедносна закана по нашето здравје и сериозен предизвик за сите земји да ја одржат својата општествена и економска стабилност.
– Овој специфичен период не ни допушта да го славиме денешниот заеднички успех иако тоа несомнено го заслужуваме. Но во исто време во овие моменти на неизвесност токму интеграцијата во современите западни системи ни е повеќе од дорбредојдена. Последната ратификација се одвиваше во специфични околности и тоа ја покажува сериозноста на нашите меѓународни пријатели дека ја ценат нашата работа и постигнување со што покажуваат и дверба кон напот контиуниран напредок, оцени Османи.
Вицепремиерот рече дека земјава денес е на патот на уште еден успех, а тоа е почетокот на преговорите за ЕУ.
– За неполна недела закажан е Советот за општи работи, т.н. ГАК каде на маса се очекува да бидат предлог заклучоците на Европската комисија за почеток на преговорите со Северна Македонија. Сите сигнали и пораки ни говорат дека земјите-членки немаат никакви забелешки за ваквата одлука што не упатува искрено да се надеваме на скора позитивна одлука за почеток на преговори. Со тоа ќе ставиме точка на историските аспирации и ќе ги поставме темелите за стабилна и просперитетна иднина за генерациите по нас, заклучи Османи на заедничката прес-конференција со Спасовски, Шекеринска и Димитров.