Османи: Силна поддршка од Финска за старт на преговорите со ЕУ

Од:

Очекувањата и перспективите на Северна Македонија во претстојниот период, како и активностите и поддршката од страна на Финска во рамките на финското претседателство со ЕУ, а во контекст на претстојната одлука за почеток на преговорите во октомври, годинава, беа главна тема на средбите на вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, со министрите за европски работи, Тути Тупураинен и за надворешни работи, Пека Хависто, во рамки на работната посета на Хелсинки.

-Финска е стабилен и долгогодишен поддржувач на процесот на проширување, но на денешните средби направивме чекор повеќе – јас добив силно уверување од министрите за нивната активна улога во претстојниот период, во рамките на нивните надлежности како претседавачи на ЕУ, за успешна финализација на процесот на европски интеграции на земјата преку одлуката за старт на преговорите со Унијата во октомври оваа година, истакна Османи, реафирмирајќи го притоа, се посочува, ставот на Владата за целосна посветеност кон европската агенда со силна мотивација за отстранување на сите потенцијални пречки кои би можеле да го загрозат овој процес.

Како што соопшти СЕП, во своето обраќање за медиумите Османи направи осврт и за последните случувања во земјата изразувајќи уверување за подготвеност и зрелост на институциите да покажат цврстина и да го спроведат принципот на владеење на правото.

-Покренатата постапка за случајот ‘Рекет’ од страна на Јавното обвинителство е потврда дека системот е целосно функционален, и очекувам во овој процес да нема отстапки за никого, што претставува единствениот услов да ја вратиме довербата кај граѓаните, но и да ја оправдаме дадената доверба кај нашите пријатели и поддржувачи во Унијата, како што е Финска, истакна Османи.

Во рамките на посетата на Финска, Османи одржа средби и со претставниците на „Големиот Комитет“ (Grand Committee) во рамките на финскиот Парламент, предводени од првиот заменик претседател на Парламентот, Јани Макела, како и во Директоратот за автономија и еднаквост, при Министерството за правда, каде оствари средба со Корина Таменма, висока претставничка за јазичните прашања, се наведува во соопштението од СЕП.

Би можело да ве интересира

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

Милошоски: ЕУ земји донеле одлука да ги признават пасошите до септември, Османи ја криел одлуката

Анита Петровска Рајковиќ

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија

Девојче од Косово е рането во инцидентот во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки

Горан Наумовски

ВИДЕО: Почина едно од децата рането во пукањето во Финска

Катерина Ѓуровски

Пукање во училиште во Финска, ранети повеќе деца