Украина пронајде уште еден партнер за моќно оружје

Од:

Украинските и финските одбранбени компании потпишаа договори за заеднички развој и производство на беспилотни летала во Финска.

Дроновите ќе бидат наменети за украинската армија и европскиот пазар. Партнерството го објави украинскиот претседател Володимир Зеленски по средбата со финскиот претседател Александар Стуб во Киев, каде што разговараа за соработка во одбранбената индустрија, објави Киев Пост.

– Денес правиме уште еден чекор во продлабочувањето на нашата соработка и комбинирањето на украинското воено искуство со финската технологија, објави Зеленски на Фејсбук.

Тој објасни дека потпишаните документи вклучуваат заедничко производство на беспилотни летала, проширување на капацитетите за поморски беспилотни системи, како и основање на заедничко претпријатие за производство на копнени роботски системи.

Зеленски нагласи дека договорот е постигнат во важен момент, на Денот на националното знаме на Украина и во пресрет на Денот на независноста.

„На овие важни датуми, особено ја чувствуваме вредноста на вистинското пријателство“, рече тој.

Во исто време, тој им се заблагодари на Стуб, на финската влада, на бизнисмените и на народот на Финска за нивната континуирана поддршка од почетокот на конфликтот.

Би можело да ве интересира

Туск: Полска ќе има клучна улога во европската делегација за преговорите за Украина

Полјански: Европа ги игнорира преговорите за Украина и се држи до старите позиции

Зеленски алармира: Русија сака преку евакуација на цивили да го отвори патот кон нови градови

Финска го отфрли наводното руско барање за напуштање на НАТО

Полска ѝ рече „не“ на Украина

Москва не се откажува од барањата од 2021 година: НАТО да се врати на границите од 1997 година