Османи се извини, но не се откажува од тужби

Од:

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи им се извини на дел од медиумите, но повтори дека ќе поднесат тужби кон оние кои ширеле кажни вести за скандалот со ПИОМ.

„Ако мојата изјава, која секако ја дадов како портпарол на партијата ДУИ, некои од медиумите ја сфатиле како закана, дозволете јавно да се извинам и да се обврзам во моите наредни изјави да бидам попрецизен“, рече Османи.

Сепак, дел од медиумите ги нарече познати претставници на лажните вести им порача да се извинат и да демантираат, во спротивно ќе требало да ги докажуваат тврдења на суд.

Слична порака упати и до дел од политичарите и претставниците на малите партии кои изразиле директно обвинување за криминал и кражба.

„Тоа е неприфатливо, и затоа апелирам да ја сфатат грешката, да прифатат дека згрешиле или избрзале, нешто што веднаш ќе го прифатиме и ќе го поздравиме. Во спротивно, навистина ќе бидеме приморани и ќе поднесеме тужба за тенденциозно изнесените невистини“, се наведува во изјавата на Османи.

Писмената изјава на портпаролот на ДУИ следи еден ден откако тој најави дека ќе бидат поднесени тужби до медиумите и партиите кои ја инволивирале партијата во скандалот. Овој скандал неодамна го обелодени министерката за труд Мила Цароска. Таа рече дека анализата на работата на пензискиот фонд покажала оти на 12.000 осигуреници со години не им се префрлале пари во вториот приватен пензиски столб.

Би можело да ве интересира

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

Никола Мемов, Трајко Славески и Станка Трајкова: Пензионерите да бидат спокојни, исплатата на пензиите е приоритет

Горан Наумовски

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Ново раководство на ПИОМ најавува ред и сигурност во ИКТ системите по затекнатиот хаос и запуштеност

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис