Османи побара од Милошоски да ја закаже и седницата на Комисијата за надворешна политика за амбасадорите

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика Антонио Милошоски му порача дека е подготвен низ транспарентна постапка да бидат отворени сите прашања од надворешната политика, и при тоа побара од него да ја закаже и седницата на која кандидатите за амбасадори ќе можат да ги презентираат тезите пред пратениците за да можат да заминат во извршување на своите мисии во ДКП-та.

– Како што најавив во моето годишно обраќање пред Комисијата за надворешна политика во Собранието на Република Северна Македонија, подготвен сум да ги вложам сите напори за да создадеме услови низ транспарентна постапка да ги отвориме сите прашања поврзани со надворешната политика, низ почести средби и тематски седници во рамките на Комисијата. Притоа, ќе се согласите дека во духот на взаемната соработка од интерес на надворешната политика, треба да ги затвориме и останатите заостанати прашања, за што сакам да ве повикам да ја закажете и седницата на Комисијата за надворешна политика, на која ќе можат избраните предлог – амбасадори, кои веќе ги минале сите постапки и добиле согласност/агремани од земјите на упатување, да ги одбранат тезите пред пратениците, и да бидат упатени во соодветните Дипломатско – конзуларни претставништва, стои во објавата на Османи на Фејсбук.

Милошоски претходно во писмо адресирано до вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров и шефот на дипломатијата Османи ги повика двајцата да излезат пред Комисијата и да го достават, како што вели, предлог-анексот врачен од Софија, во ноември минатата година, во термин што ќе им одговара во периодот од 15 до 29 јануари.

Би можело да ве интересира

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија

Османи: Мицкоски е албанофоб, ги мрази Албанците и сака да ги тргне од институциите

(ВИДЕО) Старата скопска чаршија е нашата гордост, таа треба повторно да блесне и да стане мотор на културниот развој, вели Османи

Горан Наумовски

Жените мора да се чувствуваат безбедно и сигурно, реагира Клубот на пратенички

Ди Мајо: Османи е голем и почитуван пријател на Европската Унија

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието