Османи: Немаме конкретна одлука, уште се анализираат сите опции

Од:

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, попладнево во партиското седиште во тетовска Мала Речица имаше повеќечасовен состанок со четворицата партиски потпретседатели Теута Арифи, Невзат Бејта, Иџет Меџити и Садула Дураку.

Состанокот е дел од серијата консултации со разни нивоа и форуми во партијата за позиционирањето на ДУИ во преговорите за состав на новата влада на Македонија. Ова вечерва го потврди портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.

„Се уште немаме донесено конкретна одлука, се уште ги анализираме сите опции што се поставени на маса, сите аргументи за и против. Знаеме за одлуката и важноста на оваа одлука, состојбата е деликатна, знаеме дека роковите се кратки, меѓутоа една конечна одлука немаме се уште и ќе продолжиме и во текот на утрешниот ден со овој тип на консултации. За секоја од опциите има аргументи што се ставени на маса и сите во текот на овие денови сме ги образложиле опширно. Се анализираат последиците на секоја од тие опции и пред се ни е интересот на граѓаните и на државата“ изјави Османи.

Портпаролот на ДУИ посочи дека денеска немало седница на Централното претседателство на ДУИ и оти овој вид консултативни состаноци во ДУИ ќе продолжи и утре.

„Денеска немаше состанок на Централното претседателство, туку состанок на претседателот Ахмети со потпретседателите и со други членови на претседателството, на кој конкретно се анализираше аргумент по аргумент. Централното претседателство ќе се свика кога ќе сметаме дека сепак има некои предлози за конечни одлуки и тогаш ќе ги поставиме на претседателство. Ние сме свесни за роковите и посакуваме што побрзо да се најде едно решение за да може да постигнеме политичка стабилност. Меѓутоа не можеме да кажаме и сметам дека првично е одлуката да биде добра, отколку да биде навремена“ рече Османи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија