Османи: Не е прекшена процедурата за Законот за јазиците

Од:

При носењето на Законот за употреба на јазиците во ниту еден дел не е прекршена процедурата. Согласно Уставот, амандмани не може да се поднесуваат на еднаш изгласан закон, тој може да се измени само со предлог-закон за измени. Согласно Уставот, претседателот на РМ Ѓорге Иванов е должен да го потпише, смета вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

– Македонија заврши едно важно поглавје од својата историја и денеска повеќе од кога било е унифицирана, унисона и заедничка во своите предизвици за чекорење кон ЕУ и НАТО, рече Османи.

Во врска со тврдењата дека Законот во трето читање е донесен надвор од предвидениот рок од 30 дена откако македонскиот претседател не го потпиша указот, Османи смета дека не држат бидејќи тоа бил рок во кој законот требало да биде ставен на дневен ред, а не изгласан.

Тој вели дека согласно Уставот, амандмани можат да се поднесуваат само на предлог-закони, а овој, како што рече, веќе бил усвоен.

– Усвоени закони можат да се променат само со предлог-закони. Ако некој сака да го промени овој закон, тогаш треба да поднесе предлог за измени, истакна Османи кој денеска присуствуваше на конференција во Собранието посветена на судските реформи.

Според него, немало никаква основа за предлагање на амандманите и оти тоа го констатирал претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери.

Одговарајќи на прашање за одредбите во Деловникот кои предвидуваат да може да се поднесуваат амандмани на закон за кој претседателот не потпишал указ и тоа во делот на неговите укажувања, Османи потенцира дека тие не биле во согласност со Уставот.

Османи потенцира и дека претседателот на Република Македонија Иванов по вчерашното донесување на Законот во трето читање согласно член 75 од Уставот е должен да го потпише.

Би можело да ве интересира

Институциите премолчуваат глорификација на терористи и прекршување на Законот за јазиците обвинува Левица

Шаќири „максимално ќе го поддржи“ отворањето посебни сектори за примена на јазиците во сите институции

Жарко Настоски

Втор ден меѓународна научна конференција за примената на Законот за употреба на јазиците

Ана Ололовска

Дескоска: Сериозно ги разгледуваме препораките на Венецијанската комисија

Законот за јазици нема да се ревидира, тврди вицепремиерот Османи

Заев: Зачувувањето на јазикот е од огромно значење за обединување и културно поврзување