Османи: Наша амбиција е да ги започнеме преговорите со ЕУ за време на австриското претседателство

Од:

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во просториите на Секретаријатот за европски прашања, ја пречека делегација од Република Австрија предводена од Раководителот на Секторот за Западен Балкан и проширување на Европската Унија при австриското Федералното Министерство за Европа, интеграција и надворешни работи, Клаус Велфер, а во чии состав беа и Амбасадорите на Република Австрија во земјите од регионот. Средбата претставува дел од пошироката активност на Австрија за подлабоко скенирање на состојбите во земјите од Западниот Балкан, пред јунското преземање на Претседателството од страна на земјата со Советот на ЕУ.

Османи на средбата изрази благодарност од досегашната поддршка од страна на Австрија за нашите евроатлантски аспирации и изрази надеж дека за време на австриското Претседателство со Советот на ЕУ тие ќе продолжат активно да работат на процесот на проширување и изрази очекување дека австриската поддршката за Република Македонија и нејзините евроинтегративни процеси ќе продолжи со забрзано темпо, што на крајот би било крунисано и со преговори за членство во Унијата. „Ако Претседателството на Бугарија со советот за ЕУ за нас претставуваше еден вид отскочна даска за враќање на земјава на европскиот колосек, наша интенција е за време на Претседателствувањето на Австрија да ги започнеме преговорите за полноправно членство во Европската Унија“, изрази Османи.

Во тој контекст Османи се осврна и на содржината на пораките содржани во Стратегијата на Европската Комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан до 2025 година посочувајќи дека Комисијата испрати јасни пораки дека Македонија треба да очекува чиста препорака за почеток на преговори со следниот извештај, но и согласно отстранувањето на политичките пречки, и одлука од страна на Советот на ЕУ за почеток на преговори. „Добивме исклучително позитивни пораки од страна на Европската Комисија, со кои се валоризира досегашниот напредок во имплементацијата на реформите и подготовката на земјата за напредок во европските интеграции, но и шанса за приклучок на динамиката 2025 на Европската Комисија“ истакна Османи.

Би можело да ве интересира

ДУИ: ЕУ тврди дека Македонија станала отворен терен за руската пропаганда

Кошта: Не ни е потребна Унгарија за да го продолжиме процесот на пристапување на Украина кон ЕУ

Горан Наумовски

Орбан: Пристапувањето на Украина во НАТО би довело до војна Европа и би запалило „буре барут“

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ обезбеди македонскиот јазик и идентитет во ЕУ да бидат чисти, признати и без никакви додавки, тоа беа нашите црвени линии

ЕУ ја критикува состојбата во Газа, но нема да го прекине трговскиот договор со Израел

26 од 27 членки на ЕУ ги поддржуваат заклучоците за Украина