Османи на поставување камен темелник граниченот премин меѓу Македонија и Косово: Со заеднички проекти до заедничка иднина

Од:

Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска присуствуваше на церемонијата на поставување на камен темелник за изградба на заедничкиот премин меѓу Република Македонија и Република Косово – „Белановце – Станчиќ”, при што, имаше и свое обраќање до јавноста.

„Денес поставуваме камен темелник на заедничкиот граничен премин и во буквална смисла, поставуваме камен темелник на заедничкиот објект на двете држави, што на целиот проект му дава важна политичка димензија, за исклучително добрите односи помеѓу Република Македонија и Република Косово, кои со ваквите проекти само се продлабочуваат“ – изјави Османи. Во продолжение Османи посочи на значењето што овој проект го има и за локалното население од општините Липково во Македонија, како и Гнилане на Косово, но и за локалното население кое гравитира околу овие општини и околу овој регион.
„Преку овој проект ќе им се олесни меѓусебната комуникацијата на граѓаните на овие и соседните општини, што, пак, претставува и основен предуслов за зголемување на трговската размена и економската соработка меѓу овие региони, потенцијал за развој на бизнисот, за економски напредок итн., со што овој проект, покрај локалното значење, претставува важна придобивка и за унапредување на севкупната трговска и економската соработка меѓу двете земји“ истакна Османи.

Османи посочи и на значењето што овој проект го има и за Албанците од двете страни на границата, чија потреба за полесна и поедноставна комуникација со своите сонародници, роднини и пријатели од различната страна на границата, со изградбата на овој граничен премин, значително се подобрува.

Во продолжение Османи се осврна и на останатите проекти за меѓугранична соработка меѓу Македонија и Косово, финансирањето од Европската Унија, каде во тек се проекти од неколку милиони евра, посочувајќи притоа дека за наредниот период, на располагање се ставени преку осум милиони евра, за кои ќе се аплицира со проекти сè до 2020 година.

„Да потенцирам, дека тоа не се наши пари, ниту на пари на даночните обврзници на Македонија и Косово, туку пари на даночните обврзници на земјите – членки на Унијата, кои одлучиле дека овие средства е подобро да се искористат тука, кај нас, отколку во нивните држави”-додаде Османи, упатувајќи притоа искрена благодарност до Европската Унија и нејзините земји членки, преку евроамбасадорите во Македонија и Косово, Самуел Жбогар и Наталија Апостолова.

На поставувањето камен – темелник на граничниот премин Белановце – Станчиќ, покрај Вицепремиерите на Македонија и Косово, Бујар Османи и Енвер Хоџај, присуствуваа и евроамбасадорите во Македонија и Косово, Самуел Жбогар и Наталија Апостолова, бројни министри од Владите на двете земји, како и градоначалниците на локалните општини од двет земји.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

Милошоски: ЕУ земји донеле одлука да ги признават пасошите до септември, Османи ја криел одлуката

Анита Петровска Рајковиќ

Османи: Интеграцијата во НАТО и ЕУ како најдобар одговор на руските империјални амбиции