Османи на маки: Лавров побарал да дојде во Скопје, но воздушниот простор е затворен за руски авиони

Од:

Се очекуваат 76 делегации на држави од светот и над 100 светски новинарски агенции на најголемиот настан во историјата на државата, според министерот Бујар Османи и настан кој ќе ја чини државата пет милиони евра.

Само во протоколарниот и логистички дел ќе учествуваат 200 луѓе.

– Се случува еден ден после Самитот на НАТО од Брисел и затоа обезбедивме чартер лет од таму до Скопје за најголемиот дел од делегациите. Ќе има и други настани со неформална вечера на министрите за надворешни работи и потоа на 30-ти претпладнето почнува формалниот дел – рече Османи.

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров најверојатно нема да пристигне во Скопје поради санкциите на Македонија и земјите од регионот кои ги затворија воздушниот простор за руски авиони.

– Добив писмо од Лавров во кој побара да се обезбеди негово присуство во Скопје, но има одредени предизвици затоа што воздушниот простор на Македонија и на нашите соседи е затворен за руски авиони, иако по правило треба сите министри да присуствуваат на ОБСЕ во Скопје – истакна Османи.

Со евентуалното недоаѓање на Лавров ќе се комплицира изборот на следниот претседавач за 2024 година затоа што одлуките се носат со консензус.

– Ние работиме на неколку сценарија, првото е Естонија која е единствен формален кандидат која нема поддршка од една земја. Разговарав со сите министри и се надевам дека ќе најдеме земја која ќе добие конзенсуз од сите. Ако се исцрпат сите кандидати, тогаш Македонија нема да дозволи земјата да остане без претседавач. До последната минута од нашето претседавање ќе се борима за тоа – рече Османи.

Османи истакна дека за првпат се наоѓа ОБСЕ пред криза и одлуките за иднината на организацијата ќе се донесат во салата „Борис Трајковски“.

Но, теоретски организацијата може да згасне во Скопје.

– Теоретски постои таква можност иако не верувам дека земјите ќе дозволат да се случи тоа. Активностите на ОБСЕ беа темели на мирот во овој регион и иако поради војната во Украина ОБСЕ не е во состојба да го покаже својот капацитет, но убеден сум дека ќе се покаже кога ќе заврши војната – додаде тој.

Би можело да ве интересира

Османи: Историски избори се пред нас, 19 октомври е референдум за иднината на Чаир

Лавров: Русија е подготвена да помогне

Бујар Османи: Овие избори во Чаир се борба меѓу народот и клика луѓе кои 20 години го ограбуваат

А1он

Лавров: Сите се сеќаваме колку Хилари Клинтон беше воодушевена од смртта на Гадафи

Османи: Ако во првите сто дена не го исчистам Чаир, нема да продолжам понатаму

Бујар Османи: Мобилна болница и здравствени тимови за подобра превенција на здравјето на граѓаните на Чаир

А1он