Османи му честиташе на новоизбраниот косовски премиер Хоти за изборот на новата Влада

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи оствари телефонски разговор со новоизбраниот косовски премиер, Авдула Хоти,при што упати честитки за изборот на новата Влада.

“Во овие сложени времиња на заканата од пандемијата КОВИД-19, ова се добри вести кои навестуваат политичка стабилност, не само за Косово, туку и за целиот регион. Дозволете во името на Владата на Република Северна Македонија да Ви честитам на изборот со надеж дека заедно, како непосредни соседи, ќе продолжиме во изградбата на пријателски односи, во насока на исполнување на нашата заедничка цел, Европската интеграција на двете земји и воошто на целиот регион” – рече Османи.

Би можело да ве интересира

Tачи: Очекувам да бидам ослободен од обвиненијата по сите точки

А1он

Зеленски од Белград порача дека нема да го признае Косово, стигна одговор од Еди Рама

Приштина реагира на ставот на Зеленски за Косово: „Нашата државност мора да се почитува“

Пукање во близина на Дечани: Има мртви

Горан Наумовски

Курти пред победа на изборите во Косово

Алијансата за иднината на Косово доби нов претседател по заминувањето на Харадинај