Османи: Многу лоша и непромислена е одлуката на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да прекине секаква комуникација со власта, вклучувајќи ги и разговорите за уставните измени, е многу лоша и непромислена. Со ваквата одлука, како што рече денеска, опозициската партија уште еднаш потрфли и покажаа дека ниту сака, ниту има намера некогаш да се соочи со кој било предизвик на државата. На ВМРО-ДПМНЕ, оцени Османи, и се важни само власт и моќ.

Министерот на прес-конференција, одговорајќи на новинарски прашања во врска со изјавата на Христијан Мицкоски кога тој го изнесе најновиот партиски став, најпрво упати благодарност до ВМРО-ДПМНЕ, а потоа најави дека ќе продолжат да работат со партијата до последниот ден.

– Очекувам да работиме до последниот ден со партијата. Мислам дека е почесно така и од наша страна и покоректно за граѓаните барем еднаш една одлука да донесеме заеднички. Но, ако тоа не дава плод, ние мора паралелно да работиме и со пратеници кои не сакаат да бидат заложници на амбициите и сакаат да поддржат европска перспектива на државата преку имплементирање на нашиот интерес, нагласи Османи.

Во однос на бројот пратеници кои би ги гласале уставните измени, Османи очекува дека ќе биде поголем од неопходниот зашто, според него, пратениците се се посвесни дека уставните измени се во интерес на државата, како и дека ваква втора шанса земјава веќе нема да добие. „Сега сме во натпреварот, прашање е дали ќе продолжиме или ќе излеземе од игра“, потенцира Осамни и изрази убедување дека има свесни пратеници кои тоа го кажуваат постојано во своите внатрешни дебати и дека процесот ќе биде успешен.

Министерот се надева, како што напомена, дека одлуката на ВМРО-ДПМНЕ е „од наивност или од преголема оптовареност за власт“.

-Благодарам. Уште еднаш, со своја уста, потфрлија, покажаа дека ниту сакаат, ниту имаат намера некогаш да се соочат со кој било предизвик на државата. Единствено им е важно да разговараат за избори, власт и моќ. И тоа е жално во овие моменти. Дури усепаја, како во ретко која земја во светот, десницата да се препознае како антоним на евроатлантската интеграција. Секаде десницата е носител на евроатлантската интеграција, само кај нас е обратно. Е тоа успеаја со оваа лоша политика, но ние ќе продолжиме да работиме и со нив, укажувајќи на последиците. Изјавата беше многу лоша, не знам дали ја промислија, но партија која претендира да преземе одговорност, да излезе да каже „јас не разговарам со никого за ништо друго освен за тоа да станам премиер, министер, заради мојата политичка кариера, е најлошата порака што можете да ја дадете. Граѓаните не ги интересира кој каде е и на која позиција, тие бараат решенија за нивните проблеми, рече Османи.

Опциите беа и се две, потсети: уставни измени или Комисија за историски прашања.

-Ние сметаме дека ова е нашиот интерес – уставни измени, бугарска малцинска заедница со сите права. Алтерантивата на уставните измени е седнување и решавање на сите прашања, како што и беше доминантен пристап во текот на разговорите со Бугарија претходно, истакна министерот.

Според него, исполнети беа сите барања, услови и предуслови што ги испорача ВМРО-ДПМНЕ.

-Сите барања, услови и предуслови што ги постави ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на устваните измени Владата ги прифати. Побараа услов ДУИ да излезе од Владата, во истиот момент им беше прифатено барањето, дури и отидовме и подалеку. Истата понуда важи и денеска – денот кога ќе ги изгласаме заедно уставните измени, ДУИ ја напушта Владата. Побараа предвремени избори, им дадовме официјална понуда – дента кога ќе ги изгласаме уставните измени, ќе гласаме и за распуштање на Парламентот и веднаш одиме на предвремени избори. Побараа гаранција од ЕУ дека нема да има нови барања – канцеларот Шолц рече „јас сум гаранција дека нема да има нови барања“. За да има потврда плус, германскиот Бундестаг донесе резолуција за истото. Сите го кажуваат тоа, вклучувајќжи ја и Бугарија – дека нема да има нови барања во овој процес. Нема нешто што ВМРО-ДПМНЕ побара, а ние не прифативме и кога останаа веќе без аргументи, кажуваат „ги прекинуваме сите разговори, освен за избори. И затоа реков, „благодарам“, бидејќи не да побаравме, немаше тоа да го кажат“, рече Османи.

Со месеци велиме, додаде Османи, дека не им е важна државата, ниту европската перспектива или решавањето на кој било проблем.

-Ова не го кажувам зашто сум им политички опонент, туку фактички. Ако се погледне наназад последните 30 години,која важна одлука ја изгласале? Секогаш бегале. Кога бегате од пробели и не ги решавате, ќе ви ги реши некој друг, можеби некогаш и полошо, но немате право тогаш да се жалите зашто ниту еднаш не покажавте храброст сами да ги решавате проблемите. Бегавте од секој предизвик. Многу е лесно да бегате од проблемите, но кога преземате одговорност да водите држава, треба да се соочите и со лоши работи, не само со промоција на проекти, канализации и водоводи. Треба да решите и тешки проблеми кои некогаш се и непопуларни, истакна министерот.

Според Османи, јасно е дека се исцртуваат две групи во регионот – групата која брзо ќе добие порака и групата со отворени прашања кои треба да ги реши.

-Во моментот тоа се БиХ, Косово и со одлука на пратениците, ќе зависи дали ќе биде и Северна Македонија поради нерешените проблеми со Бугарија. Место сега да ја фатиме другата патека, во рамки на преговарачката рамка која е поволна за нас,

Не знам колку пати треба да кажам за да ја демантрирам пропагандата – Протоколот не е дел од патоказите, Договорот со Бугарија не е дел од патоказите. Единствено што ќе се мери во текот на преговорите во отворање и затворање на поглавјата, се патоказите – трите патокази и таму не се спомнува Договорот со Бугарија, не се псомнува Протоколот. И Против ова, не може со пропаганда да се бори никој. Ја пропуштаме оваа шанса, влегуваме во групата со БиХ и Косово да ги решаваме прво прашањата, е тогаш ќе го билатерализираме процесот, тогаш ќе треба да го исполниме и Протоколот до крај за да може да продолжиме со преговорите, дециден е Османи.

Нагласувајќи дека втора шанса нема да добиеме ако сега не го решиме прашањето со уставните измени, министерот повтори дека втора шанса ќе биде всушност „тргање на страна, седнување на клупа, решавање на сите прашања па потоа излегување на терен за да се продолжи натпреварот“.

Би можело да ве интересира

Меџити: Сакаме да бидеме фактор во влада која ќе биде европски ориентирана

Александар Тодески

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

Биљал Касами: Нашата програма ќе биде дел од идната владина програма и во неа се состојат уставните измени

Меџити не кажува дали Уставните измени остануваат услов за формирање на влада: Сега сме фокусирани на победата

Османи: Слоганите на ВМРО-ДПМНЕ се обид да се омаловажи достоинството на секој Албанец

Орце Костов

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата