Османи: Меџити губи со 10 отсто разлика, затоа фабрикуваат афери

Од:

По нападите на коалицијата ВЛЕН, на која беа повторени веќе институционално затворени обвинувања, кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, со јасен став до јавноста: „Тие ги имаат добиено анкетите, во кои јасно се гледа дека разликата меѓу мене и нивниот кандидат изнесува 10%, и сега се во паника. Затоа се обидуваат да отвораат прашања за кои граѓаните вообичаено нив ги обвинуваат – дека се корумпирани и дека 20 години на најкоруптивен начин ја воделе општината,“ изјави Османи.

Османи потсети дека уште пред да заврши Самитот на ОБСЕ лично ја доставил целата документација до релевантните институции.

„Јас лично ја доставив целата документација во Државната комисија за спречување на корупцијата и во Обвинителството. ДКСК, по неколку недели, излезе со констатација дека нема никакви неправилности. И Јавното обвинителство потврди дека нема неправилности. Ниту имало ревизија на ОБСЕ, туку на Борис Трајковски, и тоа во врска со тоа како тие ја прифатиле опремата,“ појасни Османи.

Во завршницата, Османи подвлече дека неговиот најголем политички капитал останува неговиот кредибилитет: „Ако има нешто по кое јас се разликувам, тоа е фактот дека никој, во целата моја политичка кариера, не може да ме обвини за корупција. Тоа е мојот најголем капитал во политиката, политичкиот интегритет и човечкиот кредибилитет“ заклучи Османи.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски

ДУИ: Со Балансерот имаше застапеност, со ВРЕДИ има маргинализација

ВИДЕО: Отпуштените службеници од ДУИ имале и кревети во канцеларијата, објави Стоилковиќ

Мицкоски: ДУИ треба да им се извини на граѓаните Албанци што нивната влада побара да се избрише Балансерот

Горан Наумовски

ДУИ обвинува: Политички притисок преку отпуштања во Министерството за односи меѓу заедниците

Владата да се избира со „извршен Бадентер“, предлага Али Ахмети

Катерина Ѓуровски