Османи: Како што успеавме со НАТО, ќе успееме и со ЕУ

Од:

Минатата година беше историска, затоа што добивме членство во НАТО и одлука за почеток на преговори со ЕУ. Годинава е многу важна, бидејќи го добивме претседателството во ОБСЕ, станавме членка на Организацијата за црноморска економска соработка, позната по кратенката „БСЕК“, како 13-та членка и други сериозни надворешно-политички постигнувања. За жал се уште не успеавме да ја операционализираме политичката одлука за почеток на преговори поради прашањето кое го покренува Бугарија и поради внатрешната политичка состојба во таа земја на која не можеме да влијаеме. Но, и покрај тоа покажавме конструктивност.

Ова денеска го истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој рече дека општа е поценката на меѓународната заедница дека ние се однесувавме достоинствено, европски и конструктивно во овој нерационален спор и ние продолжуваме така да се однесуваме, бидејќи на тој начин ќе ги имаме пријателите на наша страна и нашите аргументи ќе бидат слушнати подобро.

Затоа, посочи, на Самитот во јуни имавме едногласна поддршка од 26 земји-членки.

– Ние знаеме дека овој пат поминува низ Софија и продолжуваме со комуникацијата. Се видов со министерот во Киев, имавме подолг разговор, се слушнавме на телефон во петокот уште еднаш, се договоривме да имаме продолжување на средбите на експертско ниво свесни дека без политичка влада во Бугарија никој неможе да предвиди дали ќе може да има одлука меѓутоа се договоривме, јас побарав да продолжи комуникацијата за да се обидеме одредени разлики да ги надминеме во меѓувреме. Тоа што ми е задоволство што словенечкото претседателство е активно и продолжуваат да работат заедно со Европската комисија и се надевам дека тоа ќе вроди со плод. Самитот е на 6 октомври, Советот на Европската Унија за општи работи – ГАК е на крајот на септември, истакна Османи.

Изгледите поради политичката состојба во Бугарија, посочи, никој не може да ги предвиди.

– Задоволство ми е кога гледам како Словенците се активни, како ЕУ, ние сме исто исто така активни. Што е до нас ќе направиме се што треба во рамки на позициите на државата. Дваесет и шест земји-членки на ЕУ сметаат дека ние се однесуваме конструктивно, достоинствено и не охрабруваат да продолжиме по тој пат активно да работиме за да изнајдеме решение. Тоа ќе продолжиме да го направиме независно од дневно политичката агенда. Тоа можам да кажам како што успеавме со НАТО, ќе успееме и со ЕУ. Значи прашањето не е дали туку кога, додаде Османи, одговарајќи на новинарски прашања по брифингот по повод првата архивска изложба на МНР насловена „30 години независност- ретроспектива на надворешната политика”.

Би можело да ве интересира

Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа, волјата на граѓаните е јасна и треба да се почитува

Адеми: Волјата на гласачите е запишана, таа ќе биде дел од идните политики на државата

Османи: Одлучувачки избори за иднината на државата

Катерина Ѓуровски

Османи: Големиот Eвропски фронт ќе биде моќен штит за растечкиот национализам и ќе стане мост кон Брисел

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата