Османи и Маричиќ на средба со Клеман Бон: Македонија и Албанија треба да ги почнат преговорите без одложувања

Од:

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес за време на работната посета на Париз остварија средба со Клеман Бон, државен секретар за европски прашања во Министерството за Европа и надворешни работи на Република Франција.

„Во фокус на разговорите беше европското досие на Северна Македонија, во светло на актуелното француско претседателство со Советот на Европската Унија и во таа насока за потенцијалите на ова претседателство за напредок во нашите европски интеграции. Соговорниците се согласија дека Северна Македонија и Албанија треба да ги почнуваат преговорите за членство во Унијата, без одложувања.

Соговорниците исто така разменија мислења и за сетот на реформи, неопходни за реализација на европската агенда, со посебен акцент на клучните области како што е владеењето на правото, борбата против корупција и организираниот криминал, а во согласност со новата Методологија за проширување на ЕУ, иницирана од Франција.

За време на разговорот беа добиени јасни и недвосмислени пораки за поддршка од страна на Франција; пораки за нашата подготвеност за почеток на преговорите, како и за улогата на Франција во овој процес.

Османи и Маричиќ информираа и за создадената нова политичка клима меѓу двете нови влади во Северна Македонија и Бугарија, која покажува една нова енергија, нова иницијатива во нашите меѓусебни односи, што говори и за сериозноста и посветеноста на двете земји за да се постигне напредок.

Имајќи ја во предвид евидентната посветеност на Франција кон Западниот Балкан и европска иднина на овој регион, стана збор и за најавата за одржување Конференција за Западен Балкан во јуни, за време на француското претседателство со ЕУ, а меѓу другото, беа најавени и политики на инвестирање, со цел економска интеграција на земјите на Регионот и потврдување на европската перспектива на Регионот.

На средба соговорниците разговараа и за билатералните односи меѓу Северна Македонија и Франција, а се зборуваше и за актуелните предизвици на целиот континент, со посебен фокус кон состојбите во и околу Украина – за кои како НАТО сојузници беше изразен заеднички став дека треба да бидат вложени сите напори за дипломатско надминување на предизвиците.

Во рамки на посетата на Париз, Османи и Маричиќ се сретнаа и со Изабел Думон, дипломатскиот советник за Континентална Европа и Турција на Претседателот на Франција, Емануел Макрон, а се сретнаа и со сенаторот Роберт Бадинтер, при што од страна на министерот Османи му беше врачено признанието по повод 30 годишнината од независноста на Република Северна Македонија.

Од утре, Османи и Маричиќ ќе се придружат на владината делегација во Брисел каде што ќе имаат средби со највисоките претставници на ЕУ и НАТО институциите“, велат од МНР.

Би можело да ве интересира

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Земјотрес во Албанија