Османи: Функционерите од ДУИ разликата над минималната плата ќе ја донирааат во Солидарниот фонд

Од:

Заменик-премиерот за европски интеграции Бујар Османи во објава на Фејсбук информира дека сите избрани и именува функционери од редовите на ДУИ решиле разликата на нивните плати над минималната, да ја донираат во Солидарниот фонд на Владата за борба против коронавирусот.

„Одлуката на Уставен суд мора да се почитува, но солидарноста е лично право и морална должност на секој од нас. Ние, министрите, замениците министри и државните секретари во Владата, кои доаѓаат од редовите на ДУИ, одлучивме разликата на нашите примања, над минималната плата, да го донираме во солидарниот фонд на Владата“, пишува Османи.

Тој во објавата посочува и дека „борбата против Ковид-19 „сигурно ќе ја добиеме, но важно е притоа секој од нас да излезе подобар од истата“.

Би можело да ве интересира

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби

Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Горан Наумовски

ДУИ: Правосудниот испит мора да се полага и на албански