Османи формира работна група за приклучување на Македонија кон програмата на САД за укинување на визите

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска информира дека формирал работна група во рамки на Министерството, што има за задача да работи на приклучувањето на Македонија кон Visa Waiver Програмата на САД.

– Процесот за укинување визи за нашите државјани за влез во САД е долгорочен и комплексен процес, но со оглед на нашите заложби за зајакнување на постоечкото сојузништво, создадени се условите да го започнеме овој процес. Најголема потврда за тоа е приклучувањето на нашата земја кон НАТО Алијансата, но и напредокот постигнат на полето на безбедноста, како надополнување на нашето стратешко партнерство со САД, напиша Османи на Фејсбук.

Тој додаде дека успешното завршување на овој процес налага долгорочна и посветена работа, а постигнувањето на оваа цел ќе биде од бенефит за државјаните на двете пријателски земји.

– Дополнително тоа ќе создаде значителен позитивен ефект на економската соработка, демократскиот просперитет и развој, но сметаме дека и генерално ќе има позитивно влијание врз целиот регион. Ваквиот чекор е уште една потврда за посветеноста на Република Северна Македонија за градење стабилни билатерални односи со САД и зајакнување на нашето стратешко партнерство, наведува шефот на дипломатијата во објавата на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

На следните парламентарни избори ДУИ ќе предложи отворени листи

Катерина Ѓуровски

Влен: ДУИ е разочарана, пропадна планот да го поништат Законот за јазиците

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Бујар Османи со дозвола од СДС водел задкулисни преговори за етнички прашања

Предраг Петровиќ