Османи: ДУИ на лидерската ќе го отвори и прашањето за ветинг

Од:

Демократската унија за интеграција останува на ставот дека Република Северна Македонија има потреба од институција што ќе биде фокусирана на борба против корупцијата на високо ниво во политиката. Тоа е барање на Европската Унија, тоа е барање на граѓаните, и со таков став ќе се претставиме на лидерската средба.

Ова денеска го изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, по завршување на панел дискусијата „Националните перспективи на крајот на романското и во очекување на финското претседателство со Советот на ЕУ“, што се одржа денеска во Министерството за надворешни работи.

– ДУИ ќе бара да почне да се реализира иницијативата за ветинг. Сметаме дека тоа е неопходно доколку сакаме враќање на довербата во институциите од страна на граѓаните, но и од страна на институциите на ЕУ и ќе бара да се исполнат сите прашања што ќе ни го отворат патот за добивање датум за почнување на преговори со Унијата, рече Османи.

Во врска со новоотворениот случај на Јавното обвинителство „рекет“, Османи, говорејќи во името на партијата, рече оти ДУИ е разочаран од тоа што се случи вчера.

– ДУИ е најголем непријател на селективната правда, и доколку ги следите обраќањата на лудерот Али Ахмети ќе видите дека во секој говор селективната правда е како канцер на општеството, затоа ДУИ го предложи законот за ветинг и во политиката и во судството, и кај сите носители на јавните функции, рече Османи.

Додаде дека институциите треба да истражат точно што се случило, која било позадината, и кои биле реперкусиите, посочувајќи дека ДУИ останува на ставот дека земјава има потреба од инститиција што ќе биде фокусирана на борбата против корупцијта на високо ниво во политиката.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Тендер од 42 илјади евра кај братучедот на директорот на „Бардовци“

ВРЕДИ: ДУИ две децении беше на власт, а нема абер од законите

ВЛЕН: ДУИ ја има изгубено битката со Албанците, изборите ќе го запечатат нивниот крај!

Горан Наумовски

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

ДУИ му одговори на Мицкоски: „Бараме предвремени избори“

Катерина Ѓуровски

ВЛЕН: Нови пресметки во ДУИ, Ахмети, Груби и Османи повторно во центарот на внатрепартиските судири

Горан Наумовски