Османи: Бугарија не може да постави нови услови затоа што се има во преговарачката рамка

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи тврди дека Бугарија нема да поставува нови услови во текот на преговорите и дека нејзините барање се вметнати преговарачката рамка, па побара оваа тема да се затвори во јавноста.

– Бугарија не може да постави нови услови затоа што се што има е во преговарачката рамка. Затворена е рамката и во неа има три патокази, а во едниот од нив има акциски план за малцинства и тоа е единствениот услов кој е влезен во бенчмарковите за отварање на поглавјата.
Се разбира дека договорите со Грција и со Бугарија се во рамката во делот каде што добрососедските односи се проценуваат, но во патоказите е само акцискиот план. Ние се надеваме дека со Бугарија ќе изградиме односи каде што добрата волја ќе го води процесот и дека нема двете страни да бидеме со калкулатор во рака кој што сработил – истакна министерот.

Во однос на донесувањето на резолуцијата во Бундестагот Османи рече дека тоа е само симболична потврда на тоа што формално е гарантирано во преговарачката рамка за македонскиот идентитет.

– Да се заблагодарам на сите сите партии во Бундестагот за иницијативата. Германија е еден од најсилните и најконзистентите поддржувачи на Македонија, а овие резолуции се само симболична потврда на тоа што формално го има во преговарачката рамка. Инаку и без тие резолуции идентитетот во ЕУ е загарантиран и како стануваме членка тој само се провомовира се повеќе и повеќе.

Бидејќи има дилеми во јавноста по однос на тоа што го има црно на бело во рамката, некои земји иницираа такви иницијативи за да им кажат на граѓаните: точно е, идентитетот е загарантиран, јазикот ќе биде официјален во ЕУ. После потпишување на Фронтекс нема потреба од резолуции, но опозицијата ја злоупотребува темата и ги плаши граѓаните, дури одбиваше да изгласа за да не ги потсетиме. После Фронтекс не треба никаква резолуција, опозицијата сами ги плаши граѓаните во услови кога тоа прашање е решено еднаш засекогаш – додаде тој.

Би можело да ве интересира

Денеска истекува флексибилната примена на ЕЕС: Се очекуваат нови гужви на границите со ЕУ

Македонците се послаби од европјаните – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Да нема забуна – Европа е нападната

Мaѓар: Будимпешта не поддржува забрзан прием на ниту една земја во ЕУ

„Фајненшл тајмс“: Европската комисија размислува за распаѓање на дипломатската служба на ЕУ

Туск: Следните шест месеци ќе бидат одлучувачки за безбедноста на Европа