Османи-Бејли: САД се стратешки партнер и поддржувач на евроатланските интеграции на Македонија

Од:

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска во Секретаријатот за европски прашања се сретна со амбасадорот на САД, Џес Бејли при што се осврнал на реформските приоритети содржани во Планот 3-6-9, презентиран пред два дена, во кој се преточени обврските кои Владата ги презела пред европските партнери, а кои, се наведува, треба да ги откочат евроинтегративните процеси во државава и се суштинска потреба на нашето општество.

Како што соопшти СЕП, вицепремиерот Османи посочил дека спроведувањето на итните реформски приоритети и регионалната соработка за интеграција во ЕУ се двете паралелни траектории по кои се движи работата на новата Влада.

– Не е лесно да се врати довербата на граѓаните во институциите и владеењето на правото и да се убедат меѓународните партнери за нашата искрена намера да се вратиме на правиот пат. Но, за нас не постои друга алтернатива освен членството во ЕУ и НАТО и поради тоа е исклучително важно да бидеме упорни. На тој пат, вашата поддршка за нашата европска и евро-атлантска интеграција, како и меѓусебно пријателство, се од исклучително значење, рекол Османи.

Османи, исто така, ја истакнал и потребната внатрешна кохезија која нуди целосна имплементација на Охридскиот рамковен договор со соодветна динамика која нема да ја наруши позитивната социјална средина.

На крајот од средбата, како што се наведува во соопштението, двајцата изразиле очекување дека соработката меѓу двете земји ќе продолжи да се одвива успешно и во наредниот период, и дека САД останува и понатаму стратешки партнер на земјата и земја – поддржувач на процесот на евроатлантските интеграции на Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) По наредба на Трамп, во Чикаго пристигнаа припадниците на Националната гарда

Лебланк: Трамп и Карни постигнаа напредок во преговорите, договорите не се блиску

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија

Каракас: Американските борбени авиони се закана за безбедноста на Венецуела

Владата на САД е блокирана за прв пат по речиси седум години

Горан Наумовски

Османи: Мицкоски е албанофоб, ги мрази Албанците и сака да ги тргне од институциите