Османи – Амендола: Италија останува посветена на интегративните процеси на Западен Балкан со силна поддршка за старт на преговорите

Од:

Состанокот на Советот на ЕУ наредната недела е од фундаментално значење за нас, како земја која ги исполни сите предуслови и посочени обврски, за што заслужено очекуваме старт на преговорите со ЕУ оваа година, истакнал вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, во Република Италија на средба со министерот за европски прашања на Република Италија, Винченцо Амендола.

Османи, како што соопштува СЕП, потенцирал дека започнувањето на пристапните преговори на земјава со ЕУ оваа година ќе претставува охрабрување и за целиот регион во остварувањето на европските перспективи.

-И не само за нас, туку пошироко, претстојниот самит на ЕУ претставува еден вид пресвртница преку која ќе се трасираат перспективите на преговорите како една од најуспешните европски политички проекти воопшто, потенцирал Османи.

Истакнал дека без соодветно признание за напредокот на Северна Македонија, не само што ќе се истроши кредибилитетот на ЕУ во регионот, туку воопшто, ќе се загрози натамошниот тек на процесот на проширување и ќе се изгуби позитивната трансформативна моќ на европската перспектива.

За време на средбата, како што се наведува во соопштението, Османи се заблагодарил за досегашната поддршка од страна на Италија за европските интеграции на нашата земја и добил цврсти уверувања од министерот Амендола, дека Италија останува посветена на европските интеграции на целиот регион на Западниот Балкан, со силна поддршка за старт на преговорите со Република Северна Македонија, во пресрет на Самитот на ЕУ наредната недела.

-Во рамки на работната посета на Италија Османи оствари средба и со претседателот на Комитетот за односи со земјите од Западен Балкан во италијанскиот Сенат, Лучијано Далфонсо, каде покрај темите за европските интеграции на регионот и земјава, беше разговарано и за претстојните активности на Сенатот во насока на ратификација на протоколот за НАТО од страна на Италија, при што Османи доби уверување дека Италија навреме ќе ја исполни оваа обврска, информира СЕП.

Посетата на Италија преставува дел од европската турнеја на вицепремиерот Османи, за посета на европските метрополи, а во пресрет на состанокот на Советот на ЕУ наредната недела.

Би можело да ве интересира

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим

Италијанската полиција уапси 55 мафијаши

Навивачи на „Брајтон“ се повредени и ограбени во Рим

Силен земјотрес во Италија

Смог го покри Милано, воведени се ограничувања: „Излезете што помалку“

(ВИДЕО) Најмалку тројца загинаа во несреќен случај во Фиренца

Горан Наумовски