Орхан Бајрами алијас „Оки“ од бандата „Дуќанџик“ е убиен во Грција

Од:

Убиениот македонски државјанин во Ханиоти, Орхан Бајрами викан Оки беше еден од лидерите на групата „Дуќанџик“, велат полициски извори.

Орхаин Баграини (роден 1984 година) е убиен, додека Сеад Слезовиќ (1978) е повреден. Двајцата бизнисмени кои биле активни во Северна Македонија во казино и фабрика за пијалоци биле во посета на Халкидики.

Вооружениот напад се случил утринава околу 3.30 часот. Двајца убијци со мотор стигнале до жртвите пред апартман и ги застрелале.

Бајрами почина на местото на настанот, додека Слезовиќ е ранет и е во болница.

Според полициски извори, нападот личи на мафијашка одмазда за нерасчистении криминални односи.

Во март годинава во Скопје беше убиен Јетон Кривањева – Жила, пријател на сега убиениот Бајрами. Жила и Оки, велат соговорниците од полицијата, биле водачи на бандата „Дуќанџик“.

Би можело да ве интересира

Грците забрзано се вооружуваат

Горан Наумовски

Убиство на Косово – го застрела својот брат во гениталии, искрвари на пат кон болница

А1он

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Го убија, пренесоа и го запалија неговото тело во близина на Сплит, поднесено обвинение

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во Грција